АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

1АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница „Свети Николе“ – Свети Николе овогодинешната испораката на вода за наводнување по магистралниот канал ја започна на 07.05.2021 година, за засејување на оризовите површини во крупишкиот и жиганскиот регион, додека наводнувањето на површините во Овчеполскиот регион започна на 19.05.2021 година. Сезоната за наводнување заврши на 23.09.2021, при што беа наводнети околу 3400 хектари земјоделско земјиште и се поторшија околу 50000000 м3 вода од акумулацијата Калиманци.

На теритиријата на делување на Подружница Свети Николе најзастапена наводнувана култура е луцерката која е засеана на површина од 1500 хектари, оризот кој по површина е на второ место со 580 хектари, пченката е застапена со 530 хектари, а лозовите насади се застапени со околу 430 хектари.

Поради изразено екстремно сушниот период во текот на оваа наводнителна сезона, испораката на вода се одвиваше во согласност со изготвен план за испорака на вода за наводнување со кој сите површини беа планирани да добиваат вода во текот на осум дена, и прекин на испораката во траење од четири дена.

Во текот на сезоната за наводнување се јавија одредени дефекти на цевководната дистрибутивна мрежа кои во еден дел, со обезбедување на соодветни резервни делови, беа благовремено санирани, додека на останатиот дел санацијата се’ уште трае. Поволните временски услови во месец ноември овозможуваат да се продолжи со поправка на дефектите и подговтвување на цефководната мрежа за наредната сезона за наводнување.

 

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.