Во месец Јуни во период од 06.06.2022 до 24.06.2022 година по наредба на АД Водостопанство започнато е машинско чистење на магистралниот канал Радиовце – Бистрица, потег од р. Пена до Поројска река и за тој период од 15 работни дена исчистено е вкуно 3.000м од каналот обрасанат со вегетација и наносен материјал.
• Чистење на главен канал р. Пена до Поројска река
Во месец Јули во период од 04.07 до 20.07.2022 година за 13 работни денови започнавме со чистење на главниот магистрален канал Радиовце – Бистрица во делот од 9 до 13 врата ( почнувајќи од атарот на с. Долно Седларце до с. Фалише) и за тој период исчистени се вкупно 3.500 метри од каналот обраснат од вегетација и наносен материјал.
На ден 21.07.2022 година на река Вардар на тиролскиот зафатот во с. Радиовце машински се изработи бент(брана) со цел да се зафати поголемо количество вода за да се покријат потребите за вода за наводнување на земјоделските површини.