АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Во месец Февруари е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 5200 метри и тоа :

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Сува река од Тав до Миладиновци во должина од 3300 метри.
Во период од 10.02.2023 година до 27.02.2023 година за дванаесет работни дена продолжи да се чисти сува река на територија на Општина Илининден во должина од 3300 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше со два багери гасеничар Sunward и мал багер Janmar. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот. 

Picture1 resizePicture2 resize

 

 - Главен канал кај макпетрол во должина од 200 метри.

На ден 22.02.2023 година беше исчистен ден од главниот канал во Општина Илинден во должина од 200 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше со багер Liebherr. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот. 

Picture3 resizePicture4 resize

 

 

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

- Каналска мрежа во с.Брњарци во должина од 500 метри.
Во период од 23.02.2023 година до 27.02.2023 година за три работни дена е исчистена каналска мрежа за одводнување во село Брњарци на територија на Општина Гази Баба во должина од 500 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше со багер Janmar. Ова каналска мрежа иако не е во програмата на Подружница Скопско поле беше исчистена со цел да се обезбеди нормален проток на вода во каналот. 

Picture5 resizePicture6 resize

 ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

- Каналска мрежа во аеродром ТАВ во должина од 1000 метри.

Во период од 02.02.2023 година до 09.02.2023 година продожи со чистење на Сува река за шест работни дена е исчистен дел од каналската мрежа во аеродромот ТАВ општина Петровец со должина од 1000 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше машински со мал багер Janmar. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

Picture7 resizePicture8 resize

 ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ


- Стопански двор во должина од 200 метри.
На ден 01.02.2023 година по добивање на работниот налог од страна на Општина Ѓорче Петров е исчистена каналска мрежа со должина од 200 метри во место викано Стопански двор. За ова чистење беа известени Јавно Претпријатие за државни патишта и од нивна страна беше остранета заштитната ограда за да може непречено да ги извршуваме активностите на терен. Каналската мрежа се чистеше и продлабочуваше машински со мал багер Janmar. Со ова чистење, продлабочување и обликување на каналската мрежа ќе се канализираат водите што се вливаат во овај канал. 

Picture9 resizePicture10 resize

 

 

 

 

 

 

 

Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.
За активностите за чистење на каналската мрежа по потреба беа вклучени три багери, камион, влекач со нисконосечка приколка.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.