Во периодот од 20-24.03.2023 година во рамки на работата на подружница Црн Дрим од Охрид, се изведуваа активности (машински и рачно), на каналската мрежа за наводнување, во с.Косел општина Охрид и с.Мешеишта општина Дебарца.
Општина Охрид, с.Косел
Машински и рачно се исчисти каналот Лоиште, од зафатот до цевките, со вкупна должина од 1км. Машински, со багерот LIEBHERR, се вршеше отстранување на искршени дрвја и гранки, големи корења и стебла кои сметаат за нормален проток на вода, како и санирање и реконструкција на пробиени делови на каналот Лоиште, према стара полициска станица. Поради непристапен терен, претхдно се направи пат, за да се дојде до местото за санирање.
Рачно чистење на каналот Лоиште
Рачно чистење и отстранување на нанос и муљ од цевките и мостовите на прелазите во м.в. Во вир.
Рачно чистење на каналот со бетонски плочи во м.в. Во вир.
Општина Дебарца, с. Мешеишта
Рачно чистење, со тример и лопата, на каналот за наводнување во м.в. Пелјар.