Подружница Црн Дрим - Охрид започна со пуштање на водата во каналите за наводнување во с.Косел, на трите зафати на река Коселска и тоа кревање на портата на главниот бетонски зафат за према Долни Косел и со примитивно зафаќање на двата зафати за Рвеник, а со тоа и санирање и детектирање на дефектите кои се јавуваат тековно (пробивање и рушење на каналите од самата вода). Исто така се продолжи со рачно дочистување на браздите во с.Мешеишта
Општина Охрид
Пуштањена водата кај браната на главниот бетонски зафат на Река Коселска, за Долни Косел.
Машински отварање на каналот, зафаќање и пуштање на водата за Рвеник
Пуштање на водата на другиот зафат на река Коселска, за Рвеник.
Општина Дебарца
Рачно исчистена браздата во м.в. Влак, во с. Мешеишта
Општина Кичево
Пуштена е мала количина на вода во цевководот, за садење на зелките како и заради детектирање и санирање на пробиените места на каналите и на самиот цевковод.
Поради честите и обилни врнежи од дожд а заради навремено предупредување и преземање активности за заштита од поплави, направена е контрола по течението на реката Треска од главниот зафат во с. Другово, Бигор Доленци и Карбуница. Нивото на водата е доста зголемено но засега нема опасност од излевање и поплави.