АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Во периодот од 22.05.2023 до 27.05.2023 година Подружница ,,Свети Николе’’ продолжи со тековно одржување на системот за наводнување. Сеидбата на оризова култура во КО Крупиште, КО Жиганци, КО Пишица и КО Уларци е успешно завршена.
Покрај редовните теренски активности истовремено во Подружница Свети Николе се работи на санација на дефекти, извршено е местење на муф Ф 700 со машина багер со атарот на село Мустафино, замена на хидрантска глава и чистење на хидранти. Извршено е затварање на цевки Ф 300 со машина багер како и ископување на цевки и фазонски делови Ф 350. Извршено е бележување на хидранти и скршени цевки во атарот на село Ерџелија, на RC 9 и RC 8. Рачно чистење од висока вегетација на испуст на филтерна станица КО Свети Николе. Шалување на доводна цевка Ф 700 во атарот на село Мустафино. Во атарот на село Црнилиште започна со бетонирање на бајпас на отворен канал.
И во текот на оваа недела продолжи чистењето на отворен канал на ZG 25 Сифон КО Свети Николе. Вработените извршија контрола на терен и регулирање на водата за наводнување на KO Врсаково – Сарчиево. Како и изработка на опомени кон должни лица корисници на водата за наводнување.
Во прилог фотографии од работа на терен.