Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 12.06 до 16.06.2023 година извршија чистење на одводeн канал од РЕК-Битола кој се влива во X-канал. Извршија чистење на бетонираниот дел на X-канал околу Општина Новаци, како и одводен канал-с.Кравари. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1450 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистењето на одводен канал од РЕК-Битола со влив во X-канал
Фотографии за време на чистењето на бетонираниот дел на X-канал околу Општина Новаци
Фотографија за време на чистењето на одводен канал во близина на с.Кравари