АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Во извештајниот период вработените излегоа на терен и извршија машинско чистење на Ормански поток на отворената каналска мрежа во Општина Берово од нанос и тревна вегетација во соработка со Општина Берово. Потоа се изврши чистење на коритото на река Брегалница кај манастирот Света Богородица каде беа извадени корења од дрвја кои беа донесени со ланските поплави. Во Среда и Четврток односно на 16 и 17.08.2023 година се изврши чистење на вегетацијата околу круната на браната на Беровско езеро каде потоа се направија мерење на браната односно Оскултација на браната. Потоа се изврши рачна санација на бентовите, зафатите на река Брегалница во село Разловци и река Желевица во село Трботивиште кои беа оштетени од последните врнежи од дожд. Истовремено Вработените пополнуваа договори за наводнување за сезона 2023 година и издаваа испратници за песок при регулација на речно корито на река Брегалница Општина Делчево.
Во периодот од 24-29.08.2023 година вработените работеа на санација на бентот (зафатот на река Брегалница) на каналот на Горно Поле во с. Разловци.

Прилог Слики :

 

-Ормански канал

-Река Брегалница

-Акумулација Брана Берово

-Зафат на река Брегалница –Разловци општина Делчево

-Зафат река Желевица – Трботивиште општина Делчево

-Канал Горно Поле, с.Разловци

 

 

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.