Во овој период, како и секоја година помеѓу две наводнителни сезони, во Подружница „Тиквеш“ се врши чистење на каналската мрежа од нанос и вегетација. Така, во тек е рачно и машинско чистење нанос на отворените армирано-бетонски канали: Заеднички магистрален канал, Десен магистрален канал и Лев магистрален канал од ХМС Тиквеш.
Во тек се и работите за рехабилитација и модернизација на ПС Марена.
Истовремено со теренските активности, се работи на пописот за 2023 година, како и наплата на водениот надомест од водокорисниците.