АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Brana 1Браната Конско е целосно завршена.Ова е модерен, најголем, значаен проект за целиот гевгелиски регион, во последниве 50 години, и најголем капитален проект во последниве 20 години во делот на водостопанската инфраструктура.

Значаен е токму заради тоа што со новата акумулација на Конско се обезбедува вода за наводнување на околу 8.000 хектари на цело Гевгелиско поле. Нема модерно и конкурентно земјоделство без модерни системи за наводнување на земјоделското земјиште.

Браната Конско започна да се гради во 2018 година и денеска целосно е изградена, тестирана во целост и веќе започна да се полни со вода. Ова е единствениот водостопански објект кој веднаш по завршувањето на браната започнува и со градба на хидросистем за наводнување.

Техничкото решение за Брана Конско се состои од: камено-насипна брана со асфалт-бетонска дијафрагма, возводен загат во состав на телото на браната, челен преливник, опточен тунел, зафатна кула на темелен испуст – доводен орган, сигурносна затварачница на темелен испуст.
Вкупната градежна висина на браната изнесува околу 78 метри со вкупна кубатура од околу 1375000 м3 и должината на круната околу 330 метри.

Со градење на модерни системи за наводнување, обезбедуваме сигурно земјоделство.