АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Подружница Црн Дрим - Охрид до почетокот на месец март беше насочена кон одржување и чистење на каналската мрежа за одводнување. После тоа се започна со рачно чистење на каналската мрежа за наводнување. Поради тоа што каналската мрежа е претежно -отворени земјени бразди и е обрасната и покриена со сува трева и капини, се пристапи првично со палење и горење а после од отсранување на остатокот од браздите.
Теренските активности-редовно чистење и одржување на каналската мрежа за наводнување, во период од 01.03 – 15.03.20222 г.се изведуваа во општините Издеглавје, Велмеј, Лешани

ХМС Издеглавје
Чистењето се одвиваше со горење на сува трева и капини и рачно чистење и отстранување на остатоците и разни ѓубришта од браздите, во место викано Џаноец, с.Издеглавје, во должина околу 800м.

ХМС Велмеј
Чистење на каналската мрежа со горење на сува трева и капини во полето, во место викано На пески, а исто и рачно чистење, со лопати и вили се чистеа браздите (отворени земјени бразди), од тревна вегетација, и разни ѓубришта. Рачно 150м, и со горење околу 600м.

ХМС Лешани
Горење на сува трева и капини, по браздите кои се наоѓаат надвор од селото, поточно од зафатот кај Голема Река, место викано Горно Поле,према патот и покрај него, во должина од околу 1100м.