АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Подружница Свети Николе – Свети Николе во периодот од 21.03.2022 до 25.03.2022 година продолжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација во земјените канали за наводнување, кај полињата кои се планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување во должина од 3900 метри, а рачно од околу 600 метри. Истовремено во подружница Свети Николе се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 5 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 и 4 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во атарот на село Црнилиште. Во атарот на село Мустафино сервисирани и вградени се 2 вентила, а на 4 вентили тековно се работи.
Прилог фотографии: