АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Во периодот од 28.03.2022 до 01.04.2022 година AД „Водостопанство на РСМ“ - Подружница Свети Николе продолжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 1000 метри, а рачно од околу 800 метри. Истовремено во подружницата Свети Никола се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 2 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во аватарот на село Црнилиште и 3 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во атарот на село Мустафино исто така во атарот на село Мустафино сервисирани се 2 вентила, а на 6 вентили тековно се работи.