Во периодот од 28.03.2022 до 01.04.2022 година, Подружница Тиквеш-Кавадарци ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнувачка сезона 2022 година.
Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Завршено е кастрењето на Десен Магистрален Канал
Кастрење и чистење нанос на Лев Магистрален Канал
Чистење од нанос и вегетација на К-3
Чистење од нанос и вегетација на групен канал ГК-2