Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 година во месец Март ( во период од 04.04 – 09.04.2022 година ) исчистени се машински и рачно 4.300м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с.Фалише во должина од 400 м;
Во период од 04.04 до 05.04.2022година, рачно се чистеа секундарни и терцијални бетонски канали од вегетација и наносен материјал .
*Рачно чистење на бетонски бразди во атарот на с. Фалише, м.в. Масларски пат
- Рачно чистење на бетонски канали низ атарот на с.Долно Седларце во должина од 900 м;
Во период од 06.04 до 08.04.2022 година за 2 работни дена, рачно се чистеша секундарни и терцијални бетонски канали од вегетација и наносен материјал .
*Рачно чистење на бетонски бразди во атарот на с. Долно Седларце и с. Брвеница
- Чистење на примарен земјен канал во атарот на с. Фалише во м.в. Кликово во должина од 500 м .
Во период од 04.04 до 05.04.2022 година за еден работен ден, машински со Багер марка Yanmar се чистеше земјен канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал.
*Машинско чистење на земјени бразди во атарот на с. Фалише, покрај главен пат
- Чистење на примарен земјен канал во атарите на с. Долно Седларце и с. Долно Палчиште во м.в. Лозница / Демир Ќазе/ Дубрава во должина од 2.500 м .
Во период од 05.04 до 08.04.2022 година за три работни дена, машински со Багер марка Yanmar се чистеше земјен канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал.