Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Maj ( во период од 09.05 – 13.05.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 2.940 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Чистење на таложницата на зафатот во с. Радиовце на Главен магистрален канал во должина од 40 м .
На ден 09.05.2022 година, машински со липкер се чистеше таложницата на зафатот обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал и негов транспорт до соодветна депонија
- Чистење на Главен магистрален канал с. Радиовце – р. Пена Тетово во должина од 1.000 м .
Во период од 10.05 до 13.05.2022 година за четири работни дена, машински со липкер се чистеше главен канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал и негов транспорт до соодветна депонија.
- Рачно чистење на бетонски канали низ с. Милетино во должина од 1.900 м;
Во период од 09.05 до 12.05.2022година, рачно се чистеа секундарни и терцијални бетонски канали низ с.Милетино од вегетација и наносен материјал.
- Рачно чистење покрај Главен магистрален канал с. Радиовце – р. Пена
На ден 13.05.2022 година, рачно се чистеше покрај Главниот магистрален канал обраснат од вегетација и дрва во атарот на с. Камењане – кај шеста (6) врата;