Подружница Црн Дрим - Охрид ги отвори повеќето примитивни зафати од реки, на подрачјето на кое делува и ја пушти водата во каналите за наводнување на земјоделските површини.
Општина Струга
С. Корошишта
Зафаќање на водата со багер од река Сатеска во с.Волино, и пуштена во каналот за наводнување на земјоделските површини во м.в. Расница, с.Корошишта.
Рачно чистење на отворен бетонски канал и бетонирање на еродираните и изронати места, на каналот што оди од Климештани за Корошишта
Општина Дебарца
С. Мешеишта
Рачно дочистување, сечење и отстранување на дрвната маса од каналската мрежа низ Мешеишта.
Примитивно зафаќање на водата со багер од река Сатеска во с.Мешеишта, зафат- Мазенкоска и Гашоска - правење брана од дрва, стебла и камења и пуштање на водата за наводнување.
С.Издеглавје
Примитивно зафаќање на водата од река Сатеска, правење на брана со дрва, гранки и земја и пуштање на водата за наводнување на земјоделските површини во с.Издеглавје
С.Велмеј
Дефект на цевководот во м.в. Блато. Оштетен од корозија, прстенот (спојката) на азбестно цементна цевка Ф500.
Општина Кичево
На главниот зафат на река Треска, кај решетките, исчистен базенот од насобраното ѓубре, најлони, шишиња,треви