Во периодот од 18.07 до 25.07.2022 година, вработените во АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Берово-Берово, работеа на отклонување и санација на дефект на азбесно цементната цефка Ф 125 со репарациона спојка на ХМС – Малешевско поле.
Паралелно со санацијата на цефката се работеше и на санација на бентот на селски јаз во с. Тработивиште за да се обезбеди доволно количина на вода за водокорисниците. Вработените, исто така учествуваа и во гасењето на пожарот во атарот на селата Митрашинци и Будинарци во Берово.