АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Во месец Јануари е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 2950 метри и тоа :

 ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Ободен канал во Илинден во должина од 2600 метри.
Во период од 03.01.2023 година до 20.01.2023 година за единаесет работни дена е доисчистен дел од ободен канал во Илинден во должина од 2600 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше со гасеничар багер Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

Picture1Picture2

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

 - Каналска мрежа во аеродром ТАВ во должина од 200 метри.

На ден 17.01.2023 година е исчистен дел од каналската мрежа во аеродромот ТАВ општина Петровец со должина од 200 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше машински со мал багер Janmar. Чистењето на овај канал ќе продолжи во месец февруари со што ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување.

Picture3Picture4

 ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

- Стопански двор во должина од 150 метри.
На ден 31.01.2023 година по добивање на работниот налог од страна на Општина Ѓорче Петров е исчистена каналска мрежа со должина од 150 метри во место викано Стопански двор. За ова чистење беа известени Јавно Претпријатие за државни патишта и од нивна страна беше остранета заштитната ограда за да може непречено да ги извршуваме активностите на терен. Каналската мрежа се чистеше и продлабочуваше машински со мал багер Janmar. Со ова чистење, продлабочување и обликување на каналската мрежа ќе се канализираат водите што се вливаат во овoј канал. Чистење на каналската мрежа ќе продолжи и во месец Февруари.

Picture5Picture6

 Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.

За активностите за чистење на каналската мрежа по потреба беа вклучени два багери, камион, влекач со нисконосечка приколка.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.