Во периодот од 27 февруари до трети март од страна на вработените во подружница Тиквеш-Кавадарци се изврши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите ДМК „Љубаш-Марена-Тремник“, ЛМК „Камен Дол-Ногаевци и К-37 од нанос. Чистењето се одвиваше рачно, но и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се отстрануваа и дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Се работеше и на чистење на наталожениот материјал од тиролскиот зафат од ХС „Бошава“.
Чистење на Десен магистрален канал од ХМС Тиквеш
Чистење на К-37 при ХМС Тиквеш
Чистење на нанос од тиролскиот зафат при ХС Бошава