Подружница Црн Дрим Охрид, интензивно работи на чистење и подготовка на каналската мрежа за наводнување за претстојната сезона, во општините Охрид, Дебарца и во Кичевскиот реон.
Општина Охрид, с.Косел
Во атарот на село Косел рачно се исчисти од нанос, муљ, лисја, гранки и разен вид на ѓубре, бетонскиот канал во м.в.Рвеник
Рачно чистење на отворен бетонски канал во м.в. Рвеник
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Рачно исчистен каналот Падобрајца
С.Велмеј
Изработка и поставување на нова порта на зафатот на Извори- Горни Исток, за истекот во реката
Општина Кичево
Чистење на зафатот на река Треска и базенот кај решетките, поправка на дефекти и подготовка на цевководот за претстојната сезона за наводнување.