Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, ја информира јавноста дека денес, 27 мај 2023 година, е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради кое привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.
Извршен е увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба.
Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство - Тиквеш.
За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана.