Во месец Maj е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 2150 метри и тоа :
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Канали низ индустриска зона Ограѓа во должина од 1200 метри.
Во период од 16.05.2023 година до 25.05.2023 година за седум работни дена е исчистена каналска мрежа на територија на Општина Илининден во должина од 1200 метри. Каналската мрежа беше обрастена со вегетација, а се чистеше со багер Liebherr. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода каналската мрежа за одводнување.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
- Канали низ Јурумлери во должина од 400 метри.
Во период од 08.05.2023 година до 12.05.2023 година за пет работни дена е исчистена каналска мрежа на територија на Општина Гази Баба во должина од 400 метри. Каналот за одводнување во Јурумлери беше покриен со бетонски плочи, од страна на вработени во Подружница Скопско поле беа извадени, каналот беше исчистен во должина од 400 метри, а по чистењето на каналот бетонските плочи беа вратени на каналот. Каналот се чистеше со багер Janmar и Liebherr, а материјалот се изнесуваше од каналот со камион. Чистењето на овај канал ќе продолжи и во месец Јуни со што ќе се обезбеди нормален проток на вода каналската мрежа за одводнување.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
- Канал Елдорадо во должина од 550 метри.
Во период од 29.05.2023 година до 31.05.2023 година за три работни дена е исчистена каналска мрежа на територија на Општина Петровец во должина од 550 метри. Каналската мрежа беше обрастена со вегетација, а се чистеше со багер Liebherr. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување.
Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.
За активностите за чистење на каналската мрежа по потреба беа вклучени три багери, камион трактор и виљушкар .