Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 05.06 до 09.06.2023 година извршија чистење на одводeн канал од РЕК-Битола кој се влива во X-канал, како и чистење на порој-Течни Води-с.Дихово. Во истиот период се изврши интервенција и на Логовардски канал-с.Егри, како и на одводен канал-с.Кравари. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1300 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистењето на одводен канал од РЕК-Битола со влив во X-канал
Фотографија за време на чистењето на порој-Течни Води-с.Дихово
Фотографија за време на чистењето на одводен канал во близина на с.Кравари