АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Директор МакаријаПо настанувањето на големиот дефект на сифон Макарија, дел од ХМС Тиквеш, во кое најзасегнати се замјоделците од Општина Росоман и Градско, со помош на Владата на РСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, обезбедивме 82 милиони денари за санација на сифон Макарија.
Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје ги донесе измените на програмата на АД Водостопанство заради обезбедување на средствата и ги започна административните процедури за постапката за јавна набавка за реализација на решението во најкраток можен рок.
Санацијата ќе се изведе во брз рок и има карактеристика на решение од траен карактер, при што се олеснува понатамошното реконструирање на целосниот цевковод Макарија и се заштедуваат средства за идните зафати на другите делови од системот за наводнување.
Решението е донесено по направени проценки од страна на стручни лица од Управата за водостопанство, АД Водостопанство на Република Северна Македонија и професори од Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.
Со ова решение од траен карактер ќе се обезбедат дополнителни количини вода над бараниот минимум од 1.700 литри/секунда.
Како акционерско друштво остануваме посветени на потребите на земјоделците и на сите ќе им овозможиме успешна сезона за наводнување 2023 година.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.