Во наведениот период од страна на вработените во Подружница Црн Дрим-Охрид се вршеше редовно одржување на каналската мрежа и зафатите, пуштање на поголема количина вода и дистрибуција на вода за наводнување.
С.Косел, општина Охрид
Рачно зафаќање и пуштање на поголема количина на вода, на примитивен зафат на Коселска река в село, за Рвеник.
Рачно чистење на Лоишката бразда во село Косел, после цевките под патот, и в поле
Чистење на портите на главен зафат на река Коселска
Зафаќање на вода од река Сатеска, во с. Мешеишта, на зафат Гашоска и Мазенкоска, исто и во Грко Поле и Велмеј, зафаќање од Голема Река
Во Кичевскиот реон, редовна контрола и чистење на решетките кај базенот, за подобар проток на вода во цевководот