АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Во периодот од 10-21.07.2023 година дојде го големо запушување на Главниот канал ,,Здуње-Пирок’’, во населба Малеарди ,градско подрачје на Општина Гостивар,кој канал е отворен и покриен со бетонски плочи.
Запушувањето беше предизвикано од страна на граѓаните кои живеат во тој дел, кои што го затрупале со секаков крупен отпад. Скоро цела седмица екипа на вработени од подружницата со сите распололоживите средства се обидуваа да го лоцираат местото на запушувањето, при што беа принудени да ги вадат бетонските плочи. При отпушувањето, на помош пристигнаа и земјоделците-водокорисници, кои несебично помагаа и материјално и со личен труд.
Каналот е во голем дел отпушен и е пуштена вода на Главниот зафат со вкупен капацитет до 40%, поради претпазливост да не дојде до повторно запушување.
После повеќедневната интервенција, бетонските плочи се вратени во првобитна состојба, но еден дел се’ уште ќе остане отворен додека целосно не се реши запушувањето.

-Покривање на бразда со бетонска плоча, поради потреба од проширување на патот, за непречен сообраќај во тој дел.

-Машинско отварање и чистење на главна бразда наменета за наводнување на земјоделски површини во атарот на село Чајле, на излезот од Гостивар.

-Машинско чистење на Главниот канал ,,Здуње-Пирок’’, што поминува низ граското подрачје и каде што постојано се загадува и затрупува.

-Вадење и чистење на запушена цевка и повторно враќање во првобитна состојба, во населба Малеарди.

-Редовен инспекциски теренски надзор од страна на Државен инспектор за животна средина.

-Локација-Зафат за ХМС Бањичко поле, во село Вруток и зафат на Главниот канал,,Здуње-Пирок’’, во село Здуње.

-Машинско чистење и отварање на бразда во атарот на село Тумчевиште.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.