Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 17.07 до 21.07.2023 година извршија чистење на XIII-одводен канал, како и чистење на одводен канал во близина на с.Драгожани и чистење на одводен канал во близина на с.Жабени покрај железничката пруга. Во тој период беше исчистена одводна каналска мрежа во должина од 1450 метри.
Во периодот од 24.07 до 27.07.2023 година се продолжи со чистење на XIII-одводен канал, чистење на одводен канал во близина на с.Бистрица и чистење на одводен канал во близина на с.Жабени покрај железничката пруга. За тој период беа исчистени дополнителни 350 метри одводна каналска мрежа.
Фотографии за време на чистењето на XIII-одводен канал
Фотографии за време на чистењето на одводен канал во близина на с.Жабени покрај железничката пруга