АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во периодот на месец јули и август продолжи со тековните активности, односно со дистрибуција и регулирање на водата за наводнување. Се работеше и на санација на дефектите кои тековно се појавија, на почетокот на месец јули се изврши ископ на цевки со машина багер во атарот на селата Врсаково, Мустафино и вадење на истите. Во атарот на Свети Николе се изврши демонтажа и монтажа на цевка 250Ц, демонтажа и обработка на три цевки Ф300 за КО Мустафино и монтажа на истите. Во КО Пеширово се изврши ископ на три цевки со машина багер, обработка на АЦЦ цевки и нивна монтажа, заварување на PGS 250C.
Дел од вработените вршеа чистење на хидрантски глави и испустен вентил. Се изврши обработка на цевки 250Ц и 300Ц за КО Црнилиште, демонтажа и монтажа на АЦЦ 300Ц за КО Мустафино како и заварување на PGS 250 C во с.Пеширово. Бетонирање на цевковод во с. Мустафино. И во месец август се продолжи со теренски активности, поправка на цевки во с.Пеширово, замена на хидрански глави во с. Сарамзалино, чистење на хидрански глави во атарот на селата Врсаково, Мустафино, Ерџелија, Аџиматово, Црнилиште, Балван и Три Чешми поправка на воздушен вентил на RC 11 Сарамзалино и монтажа на истиот, демонтажа на шибер вентил...
Вработените од Подружница Свети Николе вршат евидентирање на наводнуваната површина, евидентирањето на наводнуваната површина продолжува и во текот на наредните месеци.
Во прилог фотографии од работа на терен:

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.