АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

ShpanijaПочитувани,

Со задоволство сакаме да ве информираме дека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија и претставници на фирмата консултант "Глобатек" се потпиша договор за реализацијата на значаен капитален проект во делот на наводнувањето на земјоделското земјиште.

Обезбедени се грант средства во износ од 765.158,00 евра за подготовка на техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување. Реализацијата на активностите, кои се предвидени, се поделени во неколку фази. Првата фаза предвидува идентификување на локации за поставување на пловечки фотоволтаични постројки. Потоа втората фаза опфаќа развој на концептен дизајн и физибилити студија, додека третата фаза предвидува подготовка на предлог проекти за поставување на пловечки фотоволтаични постројки.

„Со посветеност на задачите кои ни се доверени, можам да ветам дека оваа година ќе биде година на проекти, инвестиции и просперитет на нашето претпријатие“, објави Главнот извршен директор на Ад „Водостопанство на РСМ“, г. Локман Љимани.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.