АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Во месец Февруари е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 5800 метри и тоа :

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

- Канали Бавчи 4 во должина од 1400 метри.

Во период од 01.02.2024 година до 20.02.2024 година за седум работни дена е исчистена каналска мрежа во место викано Бавчи во должина од 1200 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше со багер Liebherr 916. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналската мрежа за одводнување. 

Picture1Picture2

 

 - Ржанички канал во должина од 1850 метри.

Во период од 06.02.2024 година до 14.02.2024 година за седум работни дена е исчистен Ржанички канал во општина Петровец во должина од 1850 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше со багер гасеничар Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналската мрежа за одводнување. 

Picture3Picture4

 

- Сисавец на ржанички канал бр 3 во должина од 1050 метри.
Во период од 15.02.2024 година до 20.02.2024 година за три работни дена е исчистен сисавец на ржанички канал во општина Петровец во должина од 1050 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше со багер гасеничар Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналската мрежа за одводнување. 

Picture5Picture6

- Сисавец на ржанички канал бр 4 во должина од 1100 метри.

Во период од 21.02.2024 година до 29.02.2024 година за седум работни дена е исчистен сисавец на Ржанички канал во општина Петровец во должина од 1100 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше со багер гасеничар Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналската мрежа за одводнување. 

Picture7Picture8

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

- Канaлска мрежа во Јурумлери во должина од 400 метри.
На ден 22.02.2024 година и 29.02.2024 година е исчистена каналска мрежа во Јурумлери во должина од 400 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше со багер Janmar. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналската мрежа за одводнување. 

Picture9Picture10

Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.

За активностите за чистење на каналската мрежа по потреба беа вклучени три багери и камион.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.