АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Во перодот од 02.01.2022 година до 28.02.2022 година активностите на подружница Берово - Берово претежно беа насочени во излегување на терен и утврдување на фактичката состојба на реките во географското подрачје на делување на подружницата, со цел да не дојде до излевање на реките и причинување на штети како резултат на дождовите, топењето на снегот и останатите зимски временски услови.

 

На ден 14.02.2022 година по дојава од раководителот на Филтер станицата и вработен во подружницата во Берово дека има поголемо испуштање на вода на воздушниот вентил на доводниот челичен цевковод од круната на браната до прекидна комора поточно над село Ратево, работна група од подружницата, како и претставници од Дирекцијата на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, излегоа на лице место и констатираа дека навистина има истекување на поголема количина на вода. После извршениот увид беа договорени натамошни активности кои треба да се преземат за решавање на проблемот.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.