АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Подружница Свети Николе во моментот врши редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнителна сезона, целосно искористувајќи ги поволните временски услови од месеците февруари и март. Во моментот рачно и машински се чистат од нанос и вегетација земјeните канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински се исчистени земјeни канали за наводнување во должина од 2200 метри, додека на непристапните места за работа со механизација, чистењето на земјената каналска мрежа се врши рачно и до сега се исчистени канали во должина од 2400 метри.
Истовремено се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период демонтирани се 21 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф400, се извршија и три интервенции на главниот челичен цефковод од Акумулација Мавровица до филтерница Свети Николе и сменети се три шибер вентили од Десниот магистрален канал.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.