Се врши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работи и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работи и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Чистење од нанос и вегетација на Десен Магистрален Канал (од Манастирски пат до патен премин Кожувчанка)
Чистење од нанос и вегетација на Десен Магистрален Канал – „Виларов-Тремник“ (од SV47 до SV51)
Санација на сифон „Макарија“ (излезна страна)
Кастрење на испуст на ГК-2