По извршените микробиолошки анализи: Водата во акумулација Мантово одговара за нејзината намена - може да се користи за наводнување и како технолошка вода за потребите на рудникот Бучим.
Полсе изнесените шпекулации во јавноста и меѓу нашите водокорисници во регионот на подружница Радовишко поле од Радовиш дека водата во акумулацијата „Мантово“ е загадена и не е добра за наводнување, по извшената инспекциска контрола утврдено е дека водата во акумулација Мантово одговара за нејзината намена - може да се користи за наводнување и како технолошка вода за потребите на рудникот Бучим.
Во Извештајот од Хидробиолошки завод Охрид, за извршени микробиолошки и физичко-хемиски анализи на водата од брана Мантово е наведено дека:
„На барање на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје (бр.08-149/2 од 28.01.2022 година), на ден 10.02.2022 година колекционирана е вода од акумулацијата од две мерни места и тоа:
-површинска вода од 0,5 метри и
-длабинска – од 15 метри длабочина
Изведените микробиолошки и физичко-хемиски анализи се во согласност со Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води и Уредбата а класификација на водите (Сл.весник на РМ бр.18/99). Европски Директиви за површински води, како и според светски познати и признати научни методи и стандарди.
Микробиолошките анализи опфатија параметри од санитарен и еколошки аспект, односно, индикатори за фекално загадување и индикатори за органско загадување, вкупен број на колиформни бактерии, Escherichia colli, ситерококи и хетеротрофни психрофилни бактерии – број на колонии на 22°C.“
„Добиените резултати од микробиолошките и физичко-хемиските анализи на водата (површинска и длабинска) од акумулација Мантово укажуваат на тоа дека водата одговара за нејзината намена, односно може да се користи за наводнување и како технолошка вода за потребите на рудникот Бучим. Добрата снабденост со кислород во двата примероци на вода и релативно малата бројност на истражуваните бактерии, укажуваат на тоа дека водата е безбедна за живиот свет.“