Како во изминатиот период, така и во периодот од 21.03-25.03.2022 година, Подружница Тиквеш – Кавадарци продолжи со активностите за подготвување на каналската мрежа за наводнување за претстојната сезона 2022 година.
Се врши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работи и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работи и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Чистење од нанос и вегетација на Десен Магистрален Канал „Љубаш-Марена“ кај с.Манастирец
Чистење од нанос и вегетација на групни канали К-2 и К-3
Чистење од нанос и вегетација на групен канал ГК-2
Машинско чистење од нанос и вегетација на Пепелишки канал