Подружница Брегалница-Кочани во периодот од 28.03.2022 до 01.04.2022 година
продолжи со редовно одржување и подготвување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона.
Во овој период се работи на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на каналите за наводнување.
Во КО.Кочани-мв.Габрак извршено е чистење на земјени вади со машина Yanmar .
На 28.03 и 29.03.2022 продолжено е со чистење на вади во КО.Грдовци во мв.Стришко.
Рачно чистење на земјени канали во мв.Чука, КО.Грдовци.
Градежната машина Sunward континуирано работеше на чистење на речното корито на река Осојница.
Чистење на вади и јазеви во КО.Виница во мв.Надба.
Чистење на Чаталски јаз и Седевец.
Чистење на корито на Градечка река од наноси и отпад.
Местење на каналетки во КО.Виница кои беа оштетени од поплавите
Со машина багер Sunward во КО.Прибачево се продолжи е со копање на земјени вади и при тоа се ископани околу 2км.
Во КО.Оризари продолжено е со рачно чистење на каналетки од нанос и вегетација