АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Во период од 01.04.2022 до 18.04.2022 година е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 3870 метри и тоа :

ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Канал А во Општина Илинден со должина од 100 метри.
На ден 04.04.2022 година беше исчистен дел од канал А во Општина Илинден во должина од 100 метри. Каналот беше орастен со вегетација, а се чистеше машински со машина Liebherr 916. Со ова чистење на каналот ќе се обезбеди нормален проток на вода.

 12

 - Сисавец на Топлик 2 со должина од 1500 метри.

Во период од 07.04.2022 година до 13.04.2022 година за пет работни дена беше исчистен сисавец на Топлик 2. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше машински со Liebherr 916. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

 34

56

- Сисавец на Топлик канал кај Мултипром во Општина Илинден со должина од 600 метри.
На ден 14.04.2022 година и 15.04.2022 за два работни дена беше исчистен сисавец на Топлик кај Мултипром во Општина Илинден во должина од 600 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а се чистеше машински со машина Liebherr 916. Со ова чистење на каналот ќе се обезбеди нормален проток на вода.

78

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

- Огњанечки канал со должина од 400 метри.

Во период од 05.04.2022 година до 06.04.2022 година за три работни дена беше исчистен Огњанечки канал во должина од 400 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше машински со Liebherr 916. Со ова чистње на каналот ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

 

 910

- Канал Шамак со должина од 800 метри.

Во период од 01.04.2022 година до 06.04.2022 година за четири работни дена е исчистена каналска мрежа за одоводнуавање во должина од 800 метри. Каналската мрежа беше обраснета со вегетација, а се чистеше машински со гасеничар Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналската мрежа. 

 1112

 

- Канал Бавчи 1 со должина од 470 метри.

Во период од 15.04.2022 година до 18.04.2022 година за два работни дена беше исчистен канал Бавчи 1 во должина од 470 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше машински со Liebherr 916. Со ова чистење на каналот ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување. 

 1314

 ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 Во период од 11.04.2022 година до 15.04.2022 година за пет работни дена е исчистена каналска мрежа во Општина Ѓорче Петров во место викано Стопански двор. Каналската мрежа се чистеше и продлабочуваше машински со гасеничар Sunward. Со ова чистење и обликување на каналската мрежа ќе се канализираат подобро водите што се вливаат во овај канал. Чистењето на оваа каналска мрежа ќе продолжи и во наредниот период се со цел нормално функционирање на каналската мрежа во Стопански двор Општина Ѓорче Петров.

1516

 Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.

За активностите за чистење на каналската мрежа по потреба беа вклучени два багери, трактор и камиони.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.