Подружница Црн Дрим – Охрид и во периодот од 11.04.2022 до 15.04.2022 година продолжи со рачно чистење и подготовка на каналската мрежа за наводнување, за претстојната сезона, за непречено и навремено да врши испорака на вода до сите земјоделски површини кои ќе се наводнуваат.
Општина Дебарца
С.Велмеј – рачно исчистена браздата од нанос и вегетација, во место викано Трнослива
С.Лешани – рачно исчистена од нанос и вегетација, и сечење на трње и капини, браздата за Горно поле.