АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Во рамки на работниот состанок на Заедничкиот Комитет формиран согласно меморандумот за разбирање потпишан помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на водите, денес 11.05.2022 година, Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, г. Локман Љимани оствари работна средба со Извршниот директор на Водостопанство на Република Турција, г. Nazmi KAĞNICIOĞLU. На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои ефикасно користење на водата, планирање и управување со наводнување, подобрување и модернизација на системите за наводнување, одржливо и ефикасно користење на водата во замјоделството, вклучувајќи го одводнувањето на земјоделско земјиште со цел еколошка одржливост на проектите во наводнувањето, а најважно од се’ се разменија информации и искуства и се поставија темели за понатамошна соработка. Директорот Љимани изрази посебна благодарност до г.Канџиоглу за подарокот, за посебниот интерес за АД „Водостопанство на РСМ“, како и за поканата за идната посета во Република Турција.