АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Во периодот од 21.04.2022 до 17.05.2022 година на територијата на дејствување на AД Водостопанство на РМ Подружница Свети Николе се продoлжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период на полињата што се планирани да се засејат со оризова култура се работеше со багер гасеничар со кои се вршеше машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување и се изврши и изработка на времените земјени зафати (бентови) со кои се зафаќа водата за наводнување од река Злетовска. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 2500 метри и се зафатени 4 времени земјени зафати (бентови). Истовремено во подружницата Свети Николе се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 3 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 и Ф300, 2 муфа 250С и 350С во атарот на село Црнилиште, еден PGS 150С, едно спојно парче SP 125/1000, 7 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф450, една жибо спојка Ф450В и еден муф 150С во атарот на село Мустафино и во атарот на село Врсаково заменети се еден вентил 150С и една хидрантска глава. Исто така се работи и на санација на главните испусти од десниот магистрален канал. Во атарот на село Батање се изврши санација на Десниот магистрален канал во должина од 37 метри од кој 22 метри канал со прав профил и 15 метри канал со трапезен профил.
На 06.05.2022 со зафаќањето на проточните води од река Злетовска се започна со наводнување на оризовата култура во атарот на селата Жиганци и Уларци додека водата во десниот магистрален канал од Хидросистемот Брегалница се пушти на 09.05.2022 и се започна со наводнување на останатиот дел од полињата планирани за засејување со оризова култура.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.