Во Подружница Брегалница-Кочани во период од 07.02.2022 година до 21.02.2022 година се извршени следниве теренски активности:
Чистење на крупна вегетација и дрвја на дел од бетонскиот канал ГК-3, и тоа во делот од с.Прибачево према с. Грдовци и истиот се чистеше рачно со жага и останат алат. Каналот се чистеше и од нанос на земја кој на одредени места достигнуваше и над 30 сантиметри. Со чистењето на крупната вегетацијата се откриваат местата каде што е оштетен каналот и во понатамошниот период ќе следи санација на тие места.
Во КО.Тркање рачно се сечеше вегетација од лева и десна страна на канал ГК-7 и беа
исчистени 2780 метри.
Главниот извршен директор на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост Скопје ја посети општина Арачиново и изрази целосна подготвеност и се приклучи на иницијативата на градоначалникот г.Ридван Ибраими за чистење на отворениот Ободен канал за одводнување, на територијата на општина Арачиново.
„Мојот поранешен професор по Архитектура и извршен директор на Водостопанство, г.Локман Љимани, денеска не почести со присуство на нашата општина. Господин Љимани со институцијата која ја предводи изрази целосна подготвеност и се приклучи на иницијативата на градоначалникот г.Ридван Ибраими за чистење на отворениот канал на територијата на населба Арачиново. Јас сум лично благодарен за покажаната посветеност за подобрување на нашите услови“, напиша Раководителот на секторот за урбанизам во општина Арачиново, г. Фидаи Белули.
Во периодот од 12.02.2022 година до 21.02.2022 година за седум работни дена се исчистени повеќе од 1100 метри од ободниот канал за одводнување во општина Арачиново. Каналот беше обрастен со вегетација и нафрлен шут од несовесни граѓани, а се чистеше машински со машина Гасеничсар Sunward. Наносниот материјал и шутот се изнесуваше од каналот со камион. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување.
Вработените од подружница Прилепско поле – Прилеп ги искористија поволните временски услови и активно работат на чистење на зафатите за собирање на вода за тековната сезона за наводнување – 2022 година. Активностите се проследени со фотографии:
Увид на акумулација Прилеп и доток од реки кои ја полнат акумулацијата
Акционерското друштво Водостопанство на Република Севрена Македонија, во државна сопственост, Скопје доби нов Главен извршен директор. Господинот Локман Љимани е роден во Скопје и има богато образовно и професионално работно искуство. На факултетот за градежништво и архитектура во Приштина се стекнува со диплома Дипломиран инженер на Архитектура, а во 2013 година на Меѓународниот универзитет во Струга, на Факултетот за економски науки станува Магистар по економски науки. Во своето професионално искуство работел внатрешен дизајн и графика во Скопје и во Приштина, како Проектант и реализатор. Во периодот од 2006 до 2018 година работел и како Професор по градежништво и архитектура во СГГУ „Здраво Цветковски“ во Скопје. Една година бил визитинг професор на Факултетот за Архитектура при Универзитетот ФОН. Во ноември 2018 година е избран за Директор на Државниот Инспекторат за Градежништво и Урбанизам и функцијата ја извршува се’ до октомври 2020 година. Во јануари 2022 година е избран за Главен извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје.