Во подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 02.09 до 06.09.2024 година, се вршеше чистење на V-одводен канал со машината багер Volvo EC220 El во правец на фабриката за квасец и алкохол и се исчисти делница во должина од 300 метри.
Во истиот период со машина скип MST 642 Plus се чистеа одводни канали во близина на фабриката за тутун на Сокотоаб ДОО Битола, во близина на с.Драгожани и чистење на одводен канал во близина на с.Карамани. На овој потег се исчисти одводна каналска мрежа во должина 500 метри.
Фотографии за време на чистењето на V-одводен канал кој се движи према фабриката за
квасец и алкохол
Подружница Црн Дрим-Охрид, продолжува со редовно одржување, чистење и санација на каналската мрежа за наводнување (отворена и затворена), со цел навремено и непречено обезбедување на вода до земјоделските површини, за претстојната 2024 година.
С.Косел
Рачно и машински се исчисти каналот Лоиште, од зафатот на река Коселска, над игралиштето и во поле до цевката, со вкупна должина од околу 1,5 км.
На каналот Рвеник рачно се работеше на неколку позиции:
- Рачно чистење и отстранување на пропаднат и скршен бетонски прелаз меѓу куќите во селото кој го попречуваше нормалниот проток на водата. Со помош на трактор соодветно беше изнесен градежниот шут и наносот од самиот канал.
- Чистење и пробивање на шахтите и цевките покрај патот, рачно и со црево под притисок, од истиот канал Рвеник, наспроти училиштето.
- Рачно чистење и со тракторот отстранување на нанос, шут и вегетација на каналот Рвеник, од зафатот на Коселска река, како и покрај патот.
Подружница ,,Свети Николе’’ и во месец април продолжи со редовно одржување на каналската мрежа со цел навремено и непречено обезбедување на вода до земјоделските површини. Продолжи припремата на полињата планирани за засејување со оризова култура, машински се исчистени од нанос и вегетација земјените канали и земјените вади во КО Жиганци, на непристапните места чистењето се изврши рачно.
Истовремено се работи и на отстранување дефекти во атарот на КО Врсаково како демонтажа на врата на отворен канал, подмачкување вентили, замена на хидрански глави, бетонирање завршни линии и скршени цевки.
Mаркирање на скршени ПГС и подмачкување на шибер вентили во КО Црнилиште и КО Пеширово, како и бетонирање шахта во Три Чешми и бетонирање ПГС во КО Коселери.
Во прилог фотографии од работа на терен:
Подружница Црн Дрим-Охрид продолжува со редовно одржување, чистење и санација на каналската мрежа за наводнување (отворена и затворена), со цел навремено и непречено обезбедување на вода до земјоделските површини за претстојната 2024 година.
Кичево
Главен зафат на река Треска, во с. Другово, базенот кај решетките за влез во цевководот.
Рачно се исчисти базенот од наталожениот нанос, вегетација и шут. Со тоа, во текот на сезоната за наводнување, водата ќе има слободен проток и ќе може полесно да се регулира.
Машинско чистење на отворен земјен канал на атар село Форино, Гостивар
Машинско чистење на земјен канал на атар во село Врапчиште
Машиннско чистење на дел од течението од Врпачишка река во атар на с.Чегране општина Гостивар
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 01.04 до 05.04.2024 година извршија чистење на одводeн канал во близина на с.Породин, одводен канал во близина с.Крклино и чистење-интервенција на насипот од десна страна на Велушка река. Во наведениот период исчистена е одводна каналска мрежа во должина од 1500 метри.
Фотографија за време на чистењето на одводен канал во близина на с.Породин
Подружница ,,Свети Николе’’ во моментот врши редовно одржување и подготвување на инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнителна сезона, искористувајќи ги поволните временски услови од месеците март и април.
Се врши припрема на полињата планирани за засејување со оризова култура, машински се исчистени од нанос и вегетација земјените канали и земјените вади за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризова култура во КО Уларци и Крупиште, на непристапните места за работа со механизација чистењето се врши рачно.
Истовремено се работи и на отстранување на дефекти, ископ на цевки и нивна обработка, бетонирање на цевки, поправка на шибер вентили, заварување и монтажа на шибер вентили. Дел од вработените продолжија со рачно чистење на каналската мрежа во атарот на КО Аџаматово.
Во прилог фотографии од работа на терен:
Водата може да создаде мир или да предизвика конфликт.
Кога водата е дефицитарна или загадена, или кога луѓето имаат нееднаков или никаков пристап, тензиите може да се зголемат меѓу заедниците и земјите.
Повеќе од 3 милијарди луѓе ширум светот зависат од водата што ги преминува националните граници. Сепак, само 24 земји имаат договори за соработка за целата нивна заедничка вода.
Како што се зголемуваат влијанијата на климатските промени и расте популацијата, постои итна потреба, во и помеѓу земјите, да се обединиме околу заштитата и зачувувањето на нашиот најскапоцен ресурс.
Јавното здравје и просперитетот, системите за храна и енергија, економската продуктивност и еколошкиот интегритет се потпираат на добро функционален и рамноправно управуван циклус на вода.
Темата на Светскиот ден на водата во 2024 година е „Вода за мир“.
Кога соработуваме за вода, создаваме позитивен брановиден ефект - поттикнување хармонија, генерирање просперитет и градење отпорност на заедничките предизвици.
Мора да дејствуваме по сознанието дека водата не е само ресурс што треба да се користи - таа е човеково право, суштинско за секој аспект од животот.
Овој Светски ден на водата, сите треба да се обединиме околу водата и да ја користиме водата за мир, поставувајќи ги темелите на постабилно и попросперитетно утре, стои во објавата на Обедидените Нации.
Извештајот за светскиот развој на водата на Обединетите нации (WWDR) е водечки извештај на UN-Water за прашањата за вода и санитација. Лансиран на Светскиот ден на водата, извештајот се фокусира на различна тема секоја година и дава препораки за политиките на носителите на одлуки преку нудење на најдобри практики и длабински анализи. WWDR е објавен од УНЕСКО во име на UN-Water и неговото производство е координирано од Светската програма за проценка на водата на УНЕСКО.
Светскиот ден на водата, кој се одржува на 22 март секоја година од 1993 година, е годишно одбележување на Обединетите нации кое се фокусира на важноста на слатката вода.
Светскиот ден на водата ја слави водата и ја подига свеста за 2,2 милијарди луѓе кои живеат без пристап до безбедна вода. Станува збор за преземање акција за справување со глобалната криза на водата. Основниот фокус на Светскиот ден на водата е да се поддржи постигнувањето на Целта 6 за одржлив развој: вода и канализација за сите до 2030 година.
Подружница Црн Дрим - Охрид, врши редовно одржување, чистење и санација на каналската мрежа за наводнување (отворена и затворена), со цел навремено и непречено обезбедување на вода до земјоделските површини, за претстојната 2024 година.
Кичево
Санација на дефект на цевководот (рушена ПВЦ-цефка Ф160), во м.в. Косеница
Во овој период, како и секоја година помеѓу две наводнителни сезони, во Подружница „Тиквеш“ се врши чистење на каналската мрежа од нанос и вегетација. Така, во тек е рачно и машинско чистење нанос на отворените армирано-бетонски канали: Заеднички магистрален канал, Десен магистрален канал и Лев магистрален канал од ХМС Тиквеш, како и на отворените групни канали К-37 и ГК-2.
Во тек се и работите за одржување и поправка на дефектите на секундарната подземна цевна мрежа.
Истовремено со теренските активности, се работи и на наплата на водениот надомест од водокорисниците.
Вработените од Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во почетокот на месец март продолжија интензивно со активностите на терен, се чистеа бентови и отворен канал од нанос и вегетација во повеќе катастерски општини. За овој период рачно чистење на каналска мрежа се изврши во должина од околу 28640 метри, додека машинско чистење со багер на каналска мрежа се изврши во должина од 20100 мeтри.
Со машина се изврши ископ на дефекти за нивна санација на подземниот систем во КО Мустафино, КО Црнилиште, КО Делисинци, КО Амзабегово, КО Коселери, како и затварање на завршените дефекти.
Се вршеа тековни активности како наплата на воден надомест од водокорисници и расчистување на кругот околу управната зграда и средување на магацинот и помошниот магацински простор.
Во прилог фотографии од работа на терен.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 04.03 до 06.03.2024 година изврши чистење на одводен канал во близина с.Гнеотино и одводен канал во близина Биспромет-Краварски пат, одводeн канал во близина на с.Породин, како и одводен канал во близина на с.Змирнево. Во тој бериод исчистена е одводна каналска мрежа во должина од 900 метри.
Фотографија за време на чистењето на одводен канал во близина на с.Гнеотино и одводен канал во близина на Биспромет-Краварски пат
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 13.02 до 16.02.2024 година продолжија со чистење на Логовардски одводен канал,одводни канали во близина на фабриката Сокотаб-Драгожани, одводен канал во близина с.Долно Агларци, како и одводeн канал во близина на с.Црнобуки. За тој период исчистена е одводна каналска мрежа во должина од 1750 метри.
Фотографии за време на чистењето на Логовардски-одводен канал во близина на с.Егри
Уште во текот на зимскиот период, поточно во месец февруари, Подружница Црн Дрим Охрид, започна со подготвителни активности на каналската мрежа за наводнување, со цел навремено и квалитетно обезбедување на вода за наводнување, до земјоделските површини.
С. Косел, Охрид
Интервентно, рачно чистење и санација на порта и канал за наводнување Рвеник, кај чешмата, и отстранување на наносот и сувата вегетација со трактор.
Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во текот на месец февруари продолжи со одржување на каналската мрежа за наводнување за претстојната наводнителна сезона. Се исчисти отворениот канал долж КО Крупиште – Врсаково – Мустафино – Црнилиште од нанос и вегетација.
За тековна поправка на дефектите кои се јавуваат на подземната мрежа се изврши ископ на цевки со машина багер на RC7, RC6 КО Црнилиште, RC 8 КО Амзабегово, RC 28 КО Сарамзалино, на ZG 29 RC16 KO Коселери, на ZG 30 се изврши демонтажа и монтажа на цевки F400C во КО Лозово.
Поради тековните потреби се изврши обработка и припреми на цевки Ф200Ц, Ф250Ц, Ф150Ц за санирање на дефектите, демонтажа на скршен PGS Ф200Ц во КО Црнилиште, демонтажа и монтажа на цевки Ф150Ц во Амзабегово, демонтажа и монтажа на цевка Ф250Ц во мв Медово. Демонтажа и монтажа на цевки Ф200Ц во атарот на село Амзабегово, демонтажа на цевки Ф150Ц во КО Лозово.
Демонтажа на шибер вентил во Мустафино, демонтажа и монтажа на цевки Ф200Ц, Ф150Ц припрема на Ф300Ц за монтажа во атарот на село Црнилиште. Демонтажа на АЦЦ Ф200 во Коселери, обработка демонтажа и монтажа на АЦЦ Ф150Ц во КО Делисинци, монтажа на репаратурна спојка Ф300 во атарот на КО Црнилиште.
Се продолжи со машинско чистење на отворена каналска мрежа во атарот на КО Крупиште.
Во прилог фотографии од работа на терен.
Во месец Февруари е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 5800 метри и тоа :
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
- Канали Бавчи 4 во должина од 1400 метри.
Во период од 01.02.2024 година до 20.02.2024 година за седум работни дена е исчистена каналска мрежа во место викано Бавчи во должина од 1200 метри. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше со багер Liebherr 916. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналската мрежа за одводнување.
-Чистење на земјени бразди во атар на с.Градец – општина Врапчиште
-Чистење на дел од Магистрален канал Здуње – Пирок во атар на с.Неготино и Градец – општина Врапчиште
-Машинско чистење на дело од земјенети бразди во атар на с.Форино и Чегране, општина Гостивар
-Машинско чистење на магистрален канал Здуње – Пирок во атар на село Пирок општина Боговиње
1.ХМС Паљурци Богданци
-Контрола и управување, одржување на затварачи на главен цевовод, мерење ниво на брана
2.ХМС Удово Валандово, Валандово
-Одржување и контрола на Пумпни станици (припрема за сезона 2024 година),
-Поставување на цевки за одвод и премин до земјоделски површини
-Чистење на хидрански шахти и шахти со затварачи
-Чистење на доводен канал до ПС Страиште - 800м
- Контрола и тековно одржување на ПС Сраиште,
3. ХМС Негорци – Прдејци, Гевгелија
• Чистење, кастрење вегетација од зафат на река Кованска,
• Поправка на цевовод ПЕ 90, МВ Село , Прдејци,
• Поправка на цевовод ПЕ 160 , МВ Сирките , Негорци,
• Поправка, стопирање, приклучоци на водокорисници кои не се функционални,
• Поправка на дефект на цевовод ПЕ 140, с.Прдејци,
• Поправка на воздушен вентил, с.Прдејци,
4.Конска Брана
-Редовна посета на Брана Конска и запознавање со активностите кои се превземаат во изградбата.
1.ХМС Паљурци Богданци
- Контрола и управување, одржување на затварачи на главен цевовод, мерење ниво на брана,
2.ХМС Удово Валандово, Валандово
- Одржување и контрола на Пумпни станици (припрема за сезона 2024 година),
-Чистење испусен канал ПС Страиште до Анска река - 1200м
- Чистење на доводен канал до ПС Страиште - 800м
- Поставување на цефки за одвод и премин мв страиште ,
- Контрола и тековно одржување на ПС Сраиште,
Вработените во подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 29.01 до 02.02.2024 година извршија чистење на Логовардски одводен канал, одводни канали во близина на с.Гнеотино и одводен канал во близина на Тулана-складиште Макпетрол. За наведениот период исчистена е одводна каналска мрежа во должина од 1680 метри.
Фотографии за време на чистењето на Логовардски-одводен канал во близина на с.Егри
Во овој период, како и секоја година помеѓу две наводнителни сезони, во Подружница „Тиквеш“ се врши чистење на каналската мрежа од нанос и вегетација. Така, во тек е рачно и машинско чистење нанос на отворените армирано-бетонски канали: Заеднички магистрален канал, Десен магистрален канал и Лев магистрален канал од ХМС Тиквеш.
Во тек се и работите за рехабилитација и модернизација на ПС Марена.
Истовремено со теренските активности, се работи на пописот за 2023 година, како и наплата на водениот надомест од водокорисниците.
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 05.01 до 18.01.2024 година продолжија со чистење на Логовардски одводен канал, одводни канали во близина на с.Гнеотино и одводен канал во близина Тулана-складиште Макпетрол. За тој период е исчистена каналска мрежа во должина од 2480 метри.
Фотографии за време на чистењето на Логовардски-одводен канал во близина на с.Егри
Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во 2024 година продолжи со одржување на каналската мрежа за наводнување за претстојната наводнителна сезона. Започна со рачно чистење од нанос и вегетација на отворениот магистрален канал долж катастерските парцели Врсаково – Мустафино – Црнилиште. Се чистеше филтерната станица во Свети Николе, како и чистење на отворен канал т.е каналетки во атарот на селата Жиганци и Крупиште.
Во прилог фотографии од работа на терен.
-Машинско чистење на Магистралниот канал Здуње-Пирок, покрај автопатот до селата Градец и Пирок.
-Покривање и санација на дел од Магистралниот канала Здуње-Пирок, во нас. Малеарди, во градското подрачје, со бетонски-армирани плочи.
Овој дел од каналот беше затворен, но поради голем дефект и запушување , во текот на сезоната, моравме да го отвориме за да не се предизвикаат поплави во населбата и околните места
Теренска контрола на Бајнички систем со изведувачите на Коридор 8
Машинско Чистење дел од т.н Лакавичка Река во атар на с.Мало Турчане -О. Гостивар.
Машинско Чистење на земјена бразада во атан на с. Мало Туршане – О. Гостивар.
Машинско чистење на земјена бразда во атар на с.Форино – О. Гостивар.
Во месец декември во согласност со временските услови се изведуваат активности на каналската мрежа за одводнување.
Во прилог слики од чистење и репарација на одводни канали во Струшко Поле
Во периодот по завршување на сезоната за наводнување во подружницата се работеше на следните активности:
Чистење на Десовска река во с.Десово во должина од 2500 метри
Чистење на зафатите Ленишки , Плетварски ,Заполшки 1 и 2
Главен лев канал Ф 800 тип Б -АЦЦ цевка
Во овој период, како и секоја година по завршувањето на наводнителната сезона, во Подружница „Тиквеш“ се врши чистење на каналската мрежа од нанос и вегетација. Така, во тек е рачно и машинско чистење нанос на отворените армирано-бетонски канали: Заеднички магистрален канал, Десен магистрален канал, Лев магистрален канал, Канал К-37 и Канал ГК-2 од ХМС Тиквеш. Се врши и отстранување на дрвната маса покрај каналот К-37. Во тек се и работите за рехабилитација и модернизација на ПС Марена.
Истовремено со теренските активности, се врши и достава на фактурите за воден надомест до водокорисниците.
Според годишната програма за работа за 2023 година, кога се заврши со сезоната за наводнување на 15.10.2023 година, вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш продолжија со чистење на отворените канали, сечење на дрвна маса покрај каналите и внатрешно прочистување, испуштање на линии, санирање на пукнати цевки, отстранување на преградите во отворените бетонски канали и други активности за кои дозволуваа временските услови.
Прочистен отворен бетонски канал
Отворен бетонски канал со преграда кој не е исчистен.
Отстранување на преграда на отовен бетонски канал
Чистење на решетка
Чистење на отворен бетонски канал
Чистење на отворен бетонски канал
Отстранување на дефект на пукната цевка
Прочистен отворен бетонски канал
Сакаме да ја информираме јавноста во врска со спроведената постапка за јавна набавка, Оглас бр.16299/2023 за Набавка на резервни делови потребни за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД„Водостопанство на на РСМ“-Скопје, а за која јавноста не беше во целост информирана, односно беше дезинформирана и манипулирана.
Свесни за дотраеноста на мрежата за наводнување и одговорни за обезбедување на вода до крајните корисници, набавката на резервните делови е тендер кој е од суштинско значење за работата на Водостопанство.
Во изминатите години како претпријатие сме се соочиле со многубројни дефекти на каналската мрежа и поради тие причини оваа година Акционерското друштво внимателно ја подготвуваше техничката спецификација за набавка на резервните делови, со посебен осврт на типот, на квалитетот, на материјалот од кој се направени, гаранцијата и останати детали кои се од значење за издржливост, економска исплатливост и долготрајност на резервните делови.
По обезбедување на средства од Програмата за Водостопанство на МЗШВ за 2023 година, акционерското друштво направи истражување на пазарот во Република Северна Македонија и утврди дека има повеќе економски оператори кои се конкурентни на пазарот и кои можат да ги задоволат барањата за потребите на Водостопанство.
Пред да се објави Огласот за јавната набавка беше спроведен и технички дијалог во кој друштвото ги објасни своите потреби и одговори на сите поставени прашања од Економските оператори.
По објавувањето на огласот за јавна набавка, во постапката на евалуација, врз основа на проверка на приложените технички понуди, комисијата заклучи дека од вкупно четири понуди, понудите на два економски оператори не се во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на јавна набавка наведени во тендерската документација и со тоа нивните понуди нема да се разгледуваат во понатамошната постапка на евалуација на понудите. Од останатите две понуди беше избран понудувач врз основа на критериумот за доделување на јавна набавка, а тоа е економски најповолна понуда врз основа на цената.
По спроведената постапка за јавна набавка и Одлуката за избор на најповолен понудувач, против истата од страна на еден од економските оператори беше вложена Жалба која Државната комисија за жалби по јавни набавки ја ОДБИ ПОРАДИ НЕОСНОВАНОСТ.
„Државната комисија одлучи да не ја усвои жалбата и да ја потврди Одлуката за избор на најповолна понуда бр.0507-2078/14 од 13.11.2023 година, донесена по Оглас за јавна набавка со отворена постапка бр.16299/2023 за набавка на стоки-Набавка на резервни делови потребни за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственост, Скопје на договорниот орган Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје“, се наведува во Решението.
Целото решение за одбивање на жалбата поради неоснованост може да се види на веб страната на Државната комисија за жалби по јавни набавки, второстепен орган кој одлучува по жалбите за јавни набавки.
Подружница „Тиквеш“-Кавадарци се’ уште врши дистрибуција и испорака на вода за наводнување и останати потреби низ отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. Се интензивираат работите на проектот за санација на Пумпна станица „Марена“ во вредност од 60.330.000,00 денари. Паралелно со наводнувањето се вршат неопходните активности за одржување и тековна поправка на дефектите кои се јавуваат на секундарната подземна мрежа. Се работеше и на бетонирање на оштетени кампади на Довод „Моклиште-Ваташа“ при ХС „Бошава“
Се работи и на евидентирање на наводнети и ненаводнети површини.
АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Брегалница-Кочани, заедно со еколошкото друштво „Здравец“ од Македонска Каменица во наредниот период ќе реализираат партнерски проект за чистење на акумулацијата Калиманци од пластичен и тврд отпад.
На работен состанок кој се одржа на 21 септември во просториите на општина Македонска Каменица, а на кој покрај градоначалниците од Македонска Каменица, Берово и Пехчево, присуствуваа и претставници од граѓанскиот сектор и од стопански субјекти, беше формиран Координативен одбор за спроведување на активностите.
Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во периодот на месец јули и август продолжи со тековните активности, односно со дистрибуција и регулирање на водата за наводнување. Се работеше и на санација на дефектите кои тековно се појавија, на почетокот на месец јули се изврши ископ на цевки со машина багер во атарот на селата Врсаково, Мустафино и вадење на истите. Во атарот на Свети Николе се изврши демонтажа и монтажа на цевка 250Ц, демонтажа и обработка на три цевки Ф300 за КО Мустафино и монтажа на истите. Во КО Пеширово се изврши ископ на три цевки со машина багер, обработка на АЦЦ цевки и нивна монтажа, заварување на PGS 250C.
Дел од вработените вршеа чистење на хидрантски глави и испустен вентил. Се изврши обработка на цевки 250Ц и 300Ц за КО Црнилиште, демонтажа и монтажа на АЦЦ 300Ц за КО Мустафино како и заварување на PGS 250 C во с.Пеширово. Бетонирање на цевковод во с. Мустафино. И во месец август се продолжи со теренски активности, поправка на цевки во с.Пеширово, замена на хидрански глави во с. Сарамзалино, чистење на хидрански глави во атарот на селата Врсаково, Мустафино, Ерџелија, Аџиматово, Црнилиште, Балван и Три Чешми поправка на воздушен вентил на RC 11 Сарамзалино и монтажа на истиот, демонтажа на шибер вентил...
Вработените од Подружница Свети Николе вршат евидентирање на наводнуваната површина, евидентирањето на наводнуваната површина продолжува и во текот на наредните месеци.
Во прилог фотографии од работа на терен:
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 01.08 до 24.08.2023 година извршија чистење на XIII-одводен канал, чистење на одводен канал во близина на с.Кравари, чистење на одводен канал во близина на РЕК-Новаци и чистење на одводен канал во близина на с.Горно Оризари-Затворот. Во тој период е исчистена одводна каналска мрежа во должина од 4050 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографија за време на чистењето на XIII-одводен канал
Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш во периодот од 14.08.2023 година до 01.09.2023 година склучуваа договори со правни и физички лица, прочистување на решетки и отпушување на хидранти.
Во извештајниот период вработените излегоа на терен и извршија машинско чистење на Ормански поток на отворената каналска мрежа во Општина Берово од нанос и тревна вегетација во соработка со Општина Берово. Потоа се изврши чистење на коритото на река Брегалница кај манастирот Света Богородица каде беа извадени корења од дрвја кои беа донесени со ланските поплави. Во Среда и Четврток односно на 16 и 17.08.2023 година се изврши чистење на вегетацијата околу круната на браната на Беровско езеро каде потоа се направија мерење на браната односно Оскултација на браната. Потоа се изврши рачна санација на бентовите, зафатите на река Брегалница во село Разловци и река Желевица во село Трботивиште кои беа оштетени од последните врнежи од дожд. Истовремено Вработените пополнуваа договори за наводнување за сезона 2023 година и издаваа испратници за песок при регулација на речно корито на река Брегалница Општина Делчево.
Во периодот од 24-29.08.2023 година вработените работеа на санација на бентот (зафатот на река Брегалница) на каналот на Горно Поле во с. Разловци.
Прилог Слики :
Во периодот од 14-25.08.2023 година вработените во Подружница Црн Дрим – Охрид вршеа редовно одржување на каналската мрежа и зафатите, санирање на дефеци и припуштање на поголема количина вода, испорака и дистрибуција на вода за наводнување, евидентирање и ажурирање на наводнуваните површини, во Кичевско, Охрид и Дебарца.
Санирање на дефект, замена на стар кородиран шибер, во ајројца, кај КСС, Кичевско поле
-На ден 11.08.2023 настанат е дефект на Главен цевковод - десна падина АЦЦ Ф 900, извршена е санација и истиот е ставен во употреба.
-Во периодот до 17.08.2023 се работеше на поправка на дефекти на каналите 17,18,30,33 и 36
Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш во периодот од 26.07.2023 година до 07.08.2023 година се соочија со поголеми проблеми на терен поради запушување на хидранти по деталната каналска мрежа за наводнување.
Во прилог фотографии од:
- Преместување на вода од Акумулациите Конче 1 и Конче 3 и
- Отпушување на заглавени хидранти по деталната каналска мрежа за наводнување.
Во периодот од 24-28.07.2023 година вработените во Подружница Црн Дрим-Охрид продолжија со редовно одржување на каналската мрежа и зафатите, санирање на дефеци и пуштање на поголема количина вода и дистрибуција на вода за наводнување .
Санација на заглавени шибери во Кичевско Поле
Подружница „Тиквеш“ врши дистрибуција и испорака на вода за наводнување и останати потреби низ отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. На 01.08.2023 се започна со дистрибуција на вода за наводнување и во Левиот Магистрален Канал, откако беше извршена санација на хаварисаниот дел од сифон Макарија. Заради големата побарувачка на вода, во овој дел наводнувањето се извршува со спроведување на рестриктивни мерки.
Паралелно со наводнувањето се вршат неопходните активности за одржување и тековна поправка на дефектите кои се јавуваат на секундарната подземна мрежа.
-Пуштена водата во Лев Магистрален Канал низ сифон Макарија
-Санација на дефекти на секундарната подземна цевна мрежа
На ден 24.07.2023 извршена е замена на хидрант со нов на канал Л14 од ХС „Турија“.
На ден 25.07.2023 извршено е црпење на вода и привремено санирање на скршен ПГС на канал Л14.
На ден 26.07.2023 извршена е поправка на затварач на канал Л14 од ХС „Турија“.
На ден 27.07.2023 извршено е машинско чистење од вегетација на ГК „Турија“. Поради полн цевковод нема услови за проверка на дефектот на канал К2 од ХС „Водоча“.
На ден 28.07.2023 извршено е монтирање на фланша на хидрант на канал К2 од ХС „Водоча“.
На ден 31.07.2023 извршен е машински и рачен ископ за санирање на електрофузионен вар со две адаптер фланши на РЕ цевка Ф160 на ХС „Маркова река“.
Рачно чистење на дел од Главниот канал Здуње-Пирок, во населба Малеарди каде што имаше целосно запушување, со што сега каналот е 100% функционален
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 17.07 до 21.07.2023 година извршија чистење на XIII-одводен канал, како и чистење на одводен канал во близина на с.Драгожани и чистење на одводен канал во близина на с.Жабени покрај железничката пруга. Во тој период беше исчистена одводна каналска мрежа во должина од 1450 метри.
Во периодот од 24.07 до 27.07.2023 година се продолжи со чистење на XIII-одводен канал, чистење на одводен канал во близина на с.Бистрица и чистење на одводен канал во близина на с.Жабени покрај железничката пруга. За тој период беа исчистени дополнителни 350 метри одводна каналска мрежа.
Фотографии за време на чистењето на XIII-одводен канал
Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш во периодот од 10.07.2023 година до 25.07.2023 година продолжија со тековни активности на деталната каналска мрежа за наводнување.
Во периодот од 17-24.07.2023 година вработените во Подружница Црн Дрим – Охрид вршеа редовно одржување на каналската мрежа и зафатите, пуштање на поголема количина вода и дистрибуција на вода за наводнување .
Општина Дебарца, с. Мешеишта, река Сатеска
Рачно затварање на пробиените делови на три позиции на браната на зафатот Гашоска
Во перодот од 17.07.2023 година до 24.07.2023 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово-Берово извршија рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште Општина Делчево од нанос и тревна вегетација, односно се работеше на санација на бентот (зафатот на река Брегалница) на каналот на Горно Поле во с. Разловци, како и на чистење на каналот Балија во село Трботивиште од тревна вегетација. Истовремено беше пуштена вода и во двата канала.
На ден 17.07.2023 година извршен е машински и рачен ископ и монтирање на адаптер спојка со фиксери Ф500 за санирање на електрофузионен вар на ГК од ХС „Маркова река“.
На ден 19.07.2023 година извршена е поправка на затварач и фланширање на хидрант на канал Л14 од ХС „Турија“.
На ден 20.07.2023 година извршено е заварување на скршен ПГС на канал Л14 од ХС „Турија“.
Во периодот од 10-21.07.2023 година дојде го големо запушување на Главниот канал ,,Здуње-Пирок’’, во населба Малеарди ,градско подрачје на Општина Гостивар,кој канал е отворен и покриен со бетонски плочи.
Запушувањето беше предизвикано од страна на граѓаните кои живеат во тој дел, кои што го затрупале со секаков крупен отпад. Скоро цела седмица екипа на вработени од подружницата со сите распололоживите средства се обидуваа да го лоцираат местото на запушувањето, при што беа принудени да ги вадат бетонските плочи. При отпушувањето, на помош пристигнаа и земјоделците-водокорисници, кои несебично помагаа и материјално и со личен труд.
Каналот е во голем дел отпушен и е пуштена вода на Главниот зафат со вкупен капацитет до 40%, поради претпазливост да не дојде до повторно запушување.
После повеќедневната интервенција, бетонските плочи се вратени во првобитна состојба, но еден дел се’ уште ќе остане отворен додека целосно не се реши запушувањето.
-Покривање на бразда со бетонска плоча, поради потреба од проширување на патот, за непречен сообраќај во тој дел.
-Машинско отварање и чистење на главна бразда наменета за наводнување на земјоделски површини во атарот на село Чајле, на излезот од Гостивар.
-Машинско чистење на Главниот канал ,,Здуње-Пирок’’, што поминува низ граското подрачје и каде што постојано се загадува и затрупува.
-Вадење и чистење на запушена цевка и повторно враќање во првобитна состојба, во населба Малеарди.
-Редовен инспекциски теренски надзор од страна на Државен инспектор за животна средина.
-Локација-Зафат за ХМС Бањичко поле, во село Вруток и зафат на Главниот канал,,Здуње-Пирок’’, во село Здуње.
-Машинско чистење и отварање на бразда во атарот на село Тумчевиште.
Во наведениот период од страна на вработените во Подружница Црн Дрим-Охрид се вршеше редовно одржување на каналската мрежа и зафатите, пуштање на поголема количина вода и дистрибуција на вода за наводнување.
С.Косел, општина Охрид
Рачно зафаќање и пуштање на поголема количина на вода, на примитивен зафат на Коселска река в село, за Рвеник.
-Дефект на канал 30 над пруга ,пукната цевка ,сменет UK-S и парче цевка
-Настанати се дефекти на каналите 9 ,10 ,12 и 18 ставени се UK-S и парчиња цевки
-Санација на дефект во с.Браилово
-Во с. Мажучиште на канал 40 пукната азбесна цевка Ф 150,заменета со нова и замена на шибо спојка
-Се работеше и на дефект во с.Коњари на канал 36
Во перодот од 10.07.2023 година до 17.07.2023 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Берово-Берово извршија рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште, Општина Делчево од нанос и тревна вегетација. Исто така беше извршена санација на Бентот Балија и на селски јаз на река Желевица с. Тработивиште, а се изврши и дополнително санирање на зафатот на Дуњски Јаз. Во наведениот период вработените рачно ја чистеа и отворена каналска мрежа на Горно Поле во с. Разловци.
Редовно одржување на каналската мрежа за наводнување, санирање на дефекти, како и испорака и дистрибуција на вода засега во помал обем.
Општина Кичево
Времено решавање на проблемот-дефект на цевковод во Кичевско поле м.в. Ајројца (за време на викенд-сабота и недела).
Во перодот од 03.07.2023 година до 10.07.2023 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово-Берово извршија рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште, општина Делчево, од нанос и тревна вегетација. Исто така беше направено и дополнително санирање на зафатот за Селски Јаз за зафаќање на вода од река Желевица. Во наведениот период се започна и со рачно чистење на отворена каналска мрежа на Горно Поле во с. Разловци.
Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш во периодот од 03.07.2023 година до 10.07.2023 година продолжија со тековни активности на деталната каналска мрежа за наводнување.
Бетонирање на отворен канал на десна страна
Санација на избиен шибер од RV1/DV1
-Сечење и рачно чистење на паднати дрвја во дел од ХМС Бањичко поле, во атарот на село Мердита
-Машинско чистење на Средниот канал Плинара-Врапчиште, во населба Млаки, општина Гостивар.
-Санација на дел од Бањичкиот систем , во атарот на село Мердита, поточно подигнување на паднатите и рушени бетонски плочи од каналот, и нивно враќање во првобитна положба со помош на потпирачи и дрва.
-Санацијата се изведуваше и рачно и со помош на багер.
-Поставување на цевка во кракот т.н Ајдучка бразда, во населба Млаки, општина Гостивар
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 03.07 до 07.07.2023 година извршија чистење на XIII-одводен канал, како и чистење на одводен канал во близина на с.Бистрица. Вкупно беше исчистена одводна каналска мрежа во должина од 2150 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистењето на XIII-одводен канал
По големиот дефект кој се случи на сифонот Макарија, дел од хидромелиоративниот систем Тиквеш, интензивно и со полна пареа се работи на санација на истиот. Веќе во текот на наредната недела ќе протече вода низ цевководот, при што земјоделците во Росоман и Градско ќе можат непречено да ги наводнуваат своите површини.
Како што и претходно објавивме, граѓаните може да бидат спокојни, вода за наводнување ќе има.
Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш во периодот од 26.06.2023 година до 30.06.2023 година завршија со полнење на линиите на деталната каналска мрежа за наводнување и продолжија со тековни активности на терен.
Во наведениот период од страна на вработените во Подружницата Црн Дрим, се изведуваа редовните активности на одржување на каналската мрежа за наводнување: рачно чистење, косење на повторно затревените бразди, чистење на цевки на прелази кои брзо се полнат со нанос од обилните дождови, санирање на дефекти кои тековно се јавуваат како и контрола на зафатите и чистење на решетките во Другово, Кичево. На 28.06.2023 исто се направи контрола и читање на котата на акумулацијата Слатино, Дебарца.
Акумулација Слатино, Дебарца- контрола на котата на езерото
Во перодот од 26.06.2023 година до 03.07.2023 година вработените во АД Водостопанство на РСМ-Скопје, Подружница Берово-Берово продолжија со рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште Општина Делчево од нанос и тревна вегетација, а исто така направија и санирање на зафатот за Селски Јаз. Односно, беше ичистен „Селски Јаз“ во должина од 2000 метри и во него беше пуштена вода за наводнување .
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 26.06 до 30.06.2023 година продолжија со чистење на XIII-одводен канал од пумпите покрај вливот со река Црна. Вкупно е исчистена одводна каналска мрежа во должина од 600 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистењето на XIII-одводен канал од пумпите покрај вливот со река Црна
Во изминатиот период се работеше на монтажа на вентили и санација на дефекти ,во
прилог фотографии од истите.
На канал 31 пукната цевка Ф160
Дефект на канал 30 ,пукната цевка Ф 160
Сменет шибер на крак од канал 28
Поправка на дефект на главниот 28 канал
На ден 19.06.2023 извршен е машински ископ за утврдување на дефект на доводен цевковод ПЕ Ф500 од ХС „Маркова река“, пукнат електрофазионер вар на цевка. Извршено е затварање на саниран дефект на канал Л28, како и транспорт на багер на канал Л29 за откривање на затрупани хидранти и нивно функционирање.
На ден 21.06.2023 извршено е фланширање на хидранти 4 бр. на канал Л29 од ХС „Турија“.
На ден 22.06.2023 извршено е празнење на вода од ГК Турија за замена на цевка Ф800.
На ден 23.06.2023 извршен е машински ископ за замена на пукната цевка Ф800 на ГК Турија со нова.
Ископ на 1 – ва грана каде е извршено демонтирање и монтирање на азбестна цевка DN 250 канал 8.
Исто така е направен и ископ на 4 – та грана на канал 7 каде е извршено демонтирање и монтирање на азбестна цевка DN 175 и каналот е пуштен во функција.
-Рачно чистење на Главниот канал ,,Здуње-Пирок “, на Зафатот кај Средниот канал ,,Плинара-Врапчиште”
-Секојдневно рачно чистење на Галатската и Добридолската таложница, кои постојано се натрупани со ѓубре, смет и отпадоци,настанати од страна на жителите.
-Подмачкување со машинско уље на зафатните врати, за припрема на престојната сезона за наводнување.
-Рачно чистење на Главниот канал ,,Здуње-Пирок’’, во атарот на село Врапчиште, О. Врапчиште
-Рачно чистење на Главниот канал ,,Здуње-Пирок’’ од комунален отпад, во градското подрачје
-Рачно чистење на дел од Главниот канал, во близина на патарината, на излезот од градот Гостивар, каде што беше искршен мостот и искршениот дел беше спуштен скоро до дното на каналот , при што веднаш реагиравме, за да не дојде до запушување на тој дел од каналот. Сопственикот по наше барање изврши санација на истиот.
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 19.06 до 23.06.2023 година извршија чистење на бетонираниот дел на X-канал околу Општина Новаци, товарење на материјалот од коритото во камион. Вкупно беше исчистена каналска мрежа во должина од 150 метри.
Фотографии за време на чистењето на бетонираниот дел на X-канал околу Општина Новаци и товарење на материјалот од коритото во камион
Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш во периодот од 19.06.2023 година до 23.06.2023 година продолжија со полнење на линиите на деталната каналска мрежа за наводнување, прочистување на отворениот канал за наводнување и прочистување на главни затварачи.
Чистење на главен затварач на RV3
Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во периодот од 19 -23.06.2023 година продолжи со припрема за санирање на дефекти, како и чистење на хидрански глави во КО Врсаково и КО Мустафино. Со машина багер се изврши ископ на цевки во атарот на селата Амзабегово и Црнилиште. Демонтажа и монтажа на цевки 250C, 300C, муф 300C во КО Црнилиште. Бетонирање на цевки во КО Врсаково.
Во КО Ерџелија се изврши ископ на цевки на РЦ 4 и РЦ 7, во Чардаклија се изврши монтажа на воздушен вентил Ф 60. Во атарот на село Три Чешми наполнет е компензационениот базен.
Вработените од Подружница Свети Николе продолжија со редовни контроли на вода во Брана Мавровица како и евидентирање на наводнуваната површина.
Во перодот од 19.06.2023 година до 26.06.2023 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово-Берово извршија рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште, Општина Делчево од нанос и тревна вегетација. Исто така се изврши и санирање на зафатот на река Желевица за Дунски Јаз. Односно беше исчистен Дунски Јаз во должина од 1000 метри и во него беше пуштена вода за наводнување со што и официјално започна сезоната за наводнување во тој регион. Исто така вработените учествуваа во справувањето со поплавите кои ја зафатија Општина Берово после обилните врнежи од дожд.
Во перодот од 19.06.2023 година до 26.06.2023 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово-Берово извршија рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште, Општина Делчево од нанос и тревна вегетација. Исто така се изврши и санирање на зафатот на река Желевица за Дунски Јаз. Односно беше исчистен Дунски Јаз во должина од 1000 метри и во него беше пуштена вода за наводнување со што и официјално започна сезоната за наводнување во тој регион. Исто така вработените учествуваа во справувањето со поплавите кои ја зафатија Општина Берово после обилните врнежи од дожд.
Во периодот од 12-23.06.2023 година наводнувањето се одвива во помал обем поради обилните врнежи, а од страна на вработените во Подружницата Црн Дрим, се преземаа разни активности: рачно чистење на повторно затревените бразди, чистење на цевки на прелази кои брзо се полнат со нанос од обилните дождови, санирање на дефекти кои тековно се јавуваат како и контрола на зафатите и чистење на решетките во Другово, Кичево.
Увид на брана
Вработените во АД Водостопанство на РСМ – Скопје, Подружница-Брегалница - Кочани во периодот од 15.06.2023 продолжија со извршување на следниве активности:
-Крпње на каналетки и чистење на вади во КО Спанчево и КО Соколарци
-Чистење на решетки во КО Јакимово
На ден 12.06.2023 година извршено е машински и рачен ископ за заварување на скршен ПГС Ф250 на канал Л13 од ХС „Турија“;
На ден 13.06.2023 година извршено е машински и рачен ископ за утврдување на дефект на канал Л27 од ХС „Турија“ – пукната цевка Ф300;
На ден 14.06.2023 година извршено е монтирање на репарациона спојка Ф300 за санација на пукната цевка на канал Л27 од ХС „Турија“;
Заменет е хидрант Ф125 на канал Л28 од ХС „Турија“;
На ден 15.06.2023 извршено е заварување на скршен ПГС Ф300 на канал Л28 од ХС „Турија“.
Вработените во Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш во периодот од 12.06.2023 година до 16.06.2023 година започнаа со полнење на линиите на деталната каналска мрежа за наводнување, извршија прочистување на отворениот канал за наводнување и прочистување на решетки.
-Рачно чистење на главниот канал ,,Здуње-Пирок ‘’ од нафрлениот комунален отпад и смет од страна на граѓаните, и тоа во најкритичните точки каде што лесно може да се предизвика поплавување во градското подрачје.
-Пуштање на вода во ХМС ,,Бањичко поле’’ и истовремено остварување на средба со земјоделците од тој регион, при што се разговараше за тековните агротехнички мерки на поле и дали се задоволни со потребната количина на вода за наводнување.
-Секојдневно рачно чистење на Добридолската и Галатската таложница, бидејќи секој ден се собираа огромна количина на ѓубре и смет, предизвикан од страна на граѓаните кои несовесно го фрлаат директно во каналот.
Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во период од 12 -16.06.2023 година продолжи со одржување и дочистување на каналската мрежа како и санација на дефекти кои се јавуваат по каналската мрежа.
Оваа работна недела се изврши замена на хидрански глави во КО Ерџелија на РЦ 4, поради скршен PGS на РЦ 4 се затвори вентилот до санирање на истиот, се изврши ископ на цевки со машина багер и нивно затрупување на РЦ 1,2 КО Црнилиште. Се изврши обработка на цевки за КО Мустафино и за КО Црнилиште, како и репарирање на шибер вентил.
По извршено примо-предавање, на ден 14.06.2023 година е пуштен во употреба новоизградениот ХМС Пишица во присуство на изведувачот, надзорот и вработени на АД Водостопанство Скопје, Подружница ,,Свети Николе’’ - Свети Николе.
Поради честите врнежи од дожд, се врши дистибуција на вода за наводнување во помал обем се до крајните катастарски општини на делување односно ЗГ 31 КО Каратманово.
Во прилог фотографии од работа на терен:
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 12.06 до 16.06.2023 година извршија чистење на одводeн канал од РЕК-Битола кој се влива во X-канал. Извршија чистење на бетонираниот дел на X-канал околу Општина Новаци, како и одводен канал-с.Кравари. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1450 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистењето на одводен канал од РЕК-Битола со влив во X-канал
Во периодот од 12-16.06.2023 година направен е ископ на 2-ра грана индустриски каде е извршено демонтирање и монтирање на F ком DN 124 на 2-ра грана.
По извршената интервенција истата е пуштена во функција.
На ден 12.06.2023 година во просториите на подружница Прилепско Поле се одржа работен состанок со претставници од американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка каде се дискутираше за проблеми кои ќе настанат при изведувањето на автопатот Прилеп-Битола, кој врши пресекување на цевководите од хидросистемот Прилепско Поле.
Во период до 14.06.2023 год се работеше на санација на дефекти како и монтажа на вентили ,во прилог фотографии.
Поправка на шибер на канал 33/4 како и на канал 30 под пруга
По настанувањето на големиот дефект на сифон Макарија, дел од ХМС Тиквеш, во кое најзасегнати се замјоделците од Општина Росоман и Градско, со помош на Владата на РСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, обезбедивме 82 милиони денари за санација на сифон Макарија.
Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје ги донесе измените на програмата на АД Водостопанство заради обезбедување на средствата и ги започна административните процедури за постапката за јавна набавка за реализација на решението во најкраток можен рок.
Санацијата ќе се изведе во брз рок и има карактеристика на решение од траен карактер, при што се олеснува понатамошното реконструирање на целосниот цевковод Макарија и се заштедуваат средства за идните зафати на другите делови од системот за наводнување.
Решението е донесено по направени проценки од страна на стручни лица од Управата за водостопанство, АД Водостопанство на Република Северна Македонија и професори од Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.
Со ова решение од траен карактер ќе се обезбедат дополнителни количини вода над бараниот минимум од 1.700 литри/секунда.
Како акционерско друштво остануваме посветени на потребите на земјоделците и на сите ќе им овозможиме успешна сезона за наводнување 2023 година.
Подружница „Тиквеш“ врши дистрибуција и испорака на вода за наводнување и останати потреби низ отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. Се врши дистрибуција на вода за наводнување на раноградинарски култури и овошни насади во помал обем поради честите врнежи од дожд. Во тек е подготовка на пумпните станици за испорака на вода и во високите зони, а ПС Пепелиште е пуштена во работа.
Паралелно со наводнувањето се вршат неопходните активности за дочистување на секундарната каналска мрежа, како и одржување и тековна поправка на дефектите кои се јавуваат на секундарната подземна мрежа. Изведена е дренажа на дел од Заедничкиот магистрален канал.
Чистење на К-2 од ХС Бошава
Рачно чистење на дел од каналот на т.н Ајдучка бразда во н.Млаки, општина Гостивар
Рачно чистење на Средниот канал ,,Плинара-Врапчиште’’, општина Гостивар
Машинско чистење на главна бразда во село Теново, општина Брвеница
Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во периодот од 05 -09.06.2023 година изврши испорака на вода до крајните општини на делување односно со полнење на линиите на ZG 31 КО Каратманово и нивно регулирање. Се изврши и чистење на хидранти RC 43, 44, 42, 40 во атарот на селата Каратманово, Дорфулија, Аџиматово.
Тековните работи продолжија да се извршуваат односно поради санација на дефекти се продолжи со бетонирање на цевки Ф 350 каде ископот се изврши со машина багер во атарот на село Црнилиште, бетонирање на цевки Ф 150 и Ф 200 во атарот на село Мустафино и Криви Дол. Во КО Свети Николе се изврши ископ на главен цевковод ЗГ 25. Се изврши замена на цевки Ф250C во КО Свети Николе. Беа извршени и останати тековни работи како чистење на хидранти, нивна монтажа, демонтажа на PGS 200 C во атарот на село Мустафино и слично. На RC1 KO Ерџелија се изврши демонтажа и монтажа на PGS 200C каде со машина багер беше извршен ископот. Се изврши и репарирање на шибер вентил во атарот на село Врсаково.
Во прилог фотографии од работа на терен:
Подружница Црн Дрим-Охрид, во овој период врши испорачување и дистрибуција на вода до земјоделските површини, чистење на повторно затревените бразди, санирање дефекти кои тековно се јавуваат, како санирање на дефект на цевководот во с.Србјани-Кичево.
Општина Кичево
С.Србјани
Санирање на дефект- изместен а не оштетен прстенот (спојката) на азбестно-цементна цевка Ф500, на цевководот во с.Србјани, м.в. подлески, линија за градски реон , која оди паралелно со пластичната цевка Ф160.
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 05.06 до 09.06.2023 година извршија чистење на одводeн канал од РЕК-Битола кој се влива во X-канал, како и чистење на порој-Течни Води-с.Дихово. Во истиот период се изврши интервенција и на Логовардски канал-с.Егри, како и на одводен канал-с.Кравари. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1300 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистењето на одводен канал од РЕК-Битола со влив во X-канал
Во месец Maj е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 2150 метри и тоа :
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Канали низ индустриска зона Ограѓа во должина од 1200 метри.
Во период од 16.05.2023 година до 25.05.2023 година за седум работни дена е исчистена каналска мрежа на територија на Општина Илининден во должина од 1200 метри. Каналската мрежа беше обрастена со вегетација, а се чистеше со багер Liebherr. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода каналската мрежа за одводнување.
АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Брегалница - Кочани во почетокот на месец јуни продолжи со извршување на следниве активности:
-Поправка на затварач и на капакот од шахта на RV—1 во Истибања.
-Затварање на прибачевски јаз, поради доток на големи количини на вода, со цел заштита од прелевање на брана Калиманци.
-Чистење на багреми во КО.Мојанци река Масалница.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2023 год. (во период од 02.05 – 31.05.2023 година ) исчистени се машински и рачно 11.840 метри земјена мрежа и тоа:
- Машинско чистење на примарни земјени и бетонски каналиВо период од 02.05 – 31.05.2023 година, машински се чистеше земјен и бетонски канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал во следниве места:
-На ден 02.05 Машинско чистење на земјена бразда во долж од 1.400метри на м.в. Чаушица – Дере бој
На ден 04.05 и 06.05 за три работни дена (3) Машинско чистење на земјена бразда во долж. од 2.120 метри на м.в. кликово (над канал)
-Рачно чистење на дел од Бајничкиот систем т.н мермери
-Машинско чистење на дел од магистрален канал Здуње – Пирок во атар на градско подраче во Гостивар
-Рачно чистење на бајничкиот систем т.н краст
-Рачно чистење на таложниците т.н Галатска и Добридолска таложници
Подружница ,,Свети Николе’’ во период од 29.05.2023 година до 01.06.2023 година продолжи со теренски активности односно со детектирање на дефеците кои тековно се јавуваат со самото пуштање на водата за наводнување. Извршено е санирање на дефектите демонтажа и монтажа и обработка на цефки Ф 150 и цефки Ф 500 во атарот на село Врсаково, се продолжи со санација на дефекти во атарот на село Мустафино место викано Ружин Дол, каде со машина багер се изврши ископ на цевка и нивна замена. На место викано Крушки во атарот на село Мустафино извршено е ископ на три цевки Ф 300.
Вработените извршија проверка на линии, контрола на терен и регулирање на водата за наводнување. Водата за наводнување се дистрибуира до ЗГ 30 односно до село Милино за наводнување на останати култури.
Во прилог фотографии од работа на терен.
Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш започна со полнење на линиите. Во периодот од 29.05.2023 година до 01.06.2023 година наполнети се следните линии од системот за наводнување: РВ1, ДВ7, ДВ8, ДВ5, ДВ4.
-Дефект на главен канал во с.Браилово пукната цевка Ф 315, истата е санирана и каналот е пуштен во употреба
-На крак од канал 31 пукната цевка сменет UK-S Ф 160
-На крак од канал 30 пукната азбесна цевка ставена е репарациона спојка Ф 150
-Санација и сипање на главен канал 28
Иако временските услови не дозволуваат непречено да се извршуваат одредени активности на терен, сепак во наведениот период, вработените во Подружница Берово-Берово извршија рачно отткривање на дел од секундарната мрежа од десен магистрален вод на ХМС Малешевско поле, во месноитса викана Стадионе, каде е извршена санација на хидрантска глава.
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 22.05 до 26.05.2023 година вршеа чистење на одводни канали од РЕК-Битола кои се вливаат во X-канал, како и чистење на одводен канал од деталната каналска мрежа во близина на с.Чарлија. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1250 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистењето на одводните канали од РЕК-Битола со влив во X-канал
Во периодот од 22.05.2023 до 27.05.2023 година Подружница ,,Свети Николе’’ продолжи со тековно одржување на системот за наводнување. Сеидбата на оризова култура во КО Крупиште, КО Жиганци, КО Пишица и КО Уларци е успешно завршена.
Покрај редовните теренски активности истовремено во Подружница Свети Николе се работи на санација на дефекти, извршено е местење на муф Ф 700 со машина багер со атарот на село Мустафино, замена на хидрантска глава и чистење на хидранти. Извршено е затварање на цевки Ф 300 со машина багер како и ископување на цевки и фазонски делови Ф 350. Извршено е бележување на хидранти и скршени цевки во атарот на село Ерџелија, на RC 9 и RC 8. Рачно чистење од висока вегетација на испуст на филтерна станица КО Свети Николе. Шалување на доводна цевка Ф 700 во атарот на село Мустафино. Во атарот на село Црнилиште започна со бетонирање на бајпас на отворен канал.
И во текот на оваа недела продолжи чистењето на отворен канал на ZG 25 Сифон КО Свети Николе. Вработените извршија контрола на терен и регулирање на водата за наводнување на KO Врсаково – Сарчиево. Како и изработка на опомени кон должни лица корисници на водата за наводнување.
Во прилог фотографии од работа на терен.
Во периодот од 22.05.2023 година до 29.05.2023 година вработените во „АД Водостопанство на РСМ“ - Подружница Берово вршеа чистење од вегетација околу круната на браната заради вршење на мерење – оскутација .
Во рамки на делокругот на работа на Подружница ,,Радовишко Поле’’- Радовиш се’ уште не е започнато со пуштање на вода во системот за наводнување. Во периодот од 22.05.2023 година до 26.05.2023 година вработените продолжија да вршат контрола на терен без вода во системот (на суво), како и раскопување на хидранти и затварачи. Се работеше на расчистување од обрасната вегетација и поправање на хидрантите.
Подружница „Тиквеш“ врши дистрибуција испорака на вода за наводнување и останати потреби низ отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. Во тек е подготовка на пумпните станици за испорака на вода и во високите зони, а ПС Бистренци е пуштена во работа заради потребите од вода за садење и наводнување на раноградинарски култури и овошни насади.
Паралелно со наводнувањето се вршат неопходните активности за дочистување на секундарната каналска мрежа, како и одржување и тековна поправка на дефектите кои се јавуваат на секундарната подземна мрежа.
До месец март од страна на вработените во Подружница Црн Дрим-Охрид, се работеше на чистење и одржување на каналската мрежа за одводнување. Во овој период се изведуваат активности на каналската мрежа за наводнување.
Наводнување
Подружница Црн Дрим Охрид, ја пушти водата во приоритетните канали за наводнување, а воедно и привршува со рачното чистење и отстранување на дефекти кои тековно се јавуваат со самото пуштање на водата.
Општина Охрид, с.Косел
Чистење од нанос и разно ѓубриште, на дел од речното корито на Коселска река, кај куќите во селото, и негово отстранување.
Во изминатиот период направен е ископ на Прва грана – канал 20 каде е извршено демонтирање и монтирање на азбестна цевка DN 200 и каналот е пуштен во функција.
АД Водостопанство Подружница-Брегалница - Кочани во периодот од 22.05 до 26.05 продолжи со извршување на следниве активности:
Чистење на дрва од премин и поправка на истиот премин преку река Брегалница во КО.Мојанци со машина SUNWARD и чистење на вади во КО.Чифлик со машина YANMARR.
-Копање на земјени вади во КО.Виница мв.Штипски пат
-Крпење на рака насип од вада однесен од многу вода во река Оризарска
-Чистење и копање на земјени вади во КО.Виница, мв.Стара река
Увид на брана со утврдување на количината на прелив на вода
Во тек е секојдневно склучување на договори за наводнување како и активности за зголемување на наплатата при што се изготвени и испратени 250 опомени кон должните лица