Моментално осигурвање на земјен канал Плинара - Врапчиште за да не дојде до преливање на водата по населени куќи. Населба Млаки - О. Гостивар
Санација на дефект на К-12/1 а под автопат
На ден 04.07.22 извршена е замена на пукната цевка Ф800 на ГК „Турија“ со нова.
На ден 05.07.22 изработена е оплата за два бетонски блока за спој на цевка Ф800 и бетонирање со готов МБ30 на ГК Турија.
На ден 06.07.22 извршена е демонтажа на механизам на таблест затварач на испуст во Хамзали на ГК „Турија“.
На ден 07.07.22 извршена е поправка на хидрант и затварач на канал Л14 од ХС „Турија“. Потрошени се 4М16х70 и 1 бр. дихтунг. Монтирана е репарирана спојка Ф200 на канал Л35 од ХС „Турија“ .
Во периодот од 04.07 до 11.07.2022 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово – Берово работеа на санација на дефект во месноста Брдославица во Берово. Вработените исто така ги чистеа шахтите од тревна вегетација ХМС –Малешевско поле.
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Се врши интензивно наводнување на целата територија од ХМС „Тиквеш“, вообичаено за ова време од годината.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.
На подрачјето на кое делува Подружница Црн Дрим Охрид, наводнувањето е во тек и се одвива непречено. Во овој период, често имаме допуштање и зафаќање на поголема вода од реките, поради поголемите потреби и потрошувачка на вода, како и поради намалување на водостојот на реките. Исто се преземаат разни активности за обезбедување на подобар проток на водата.
Направен е ископ на 6 – та Грана, К-9 каде е извршено заварување на челична цевка.
Во месец Јуни е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински и рачно се исчистени 9450 метри и тоа :
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Каналска мрежа во село Бучинци општина Илинден со должина од 600 метри.
Во период од 13.06.2022 година до 15.06.2022 година за три работни денови машински беше исчистена каналска мрежа за одводнување во должина од 600 метри. Каналот беше обрастен со вегетација и наносен материјал, а до каналот немаше пристапен пат. Покрај ова чистење на каналската мрежа за одводнување беше направен и пристапен пат покрај каналот. Каналската мрежа се чистеше со машина Liebherr 916. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода.
Вработените во Подружница Црн Дрим -Охрид продолжија со интензивни теренски активности и во периодот од 27.06 – 01.07.2022 година.
Се вршеше машинско и рачно дочистување на каналите за наводнување и припуштање на вода на зафатите од реки, поради спуштање на нивото на водата и поголема потрошувачка на вода за наводнување.
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење и продлабочување на каналите за наводнување на Гашоска, Кржа и кај Викторија Инвест-чистење на талог и тиња од каналот.
На ден 30.05.22 поправка на воздушен вентил и хидрант на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 31.05.22 извршено е црпење на вода на канал Л-14 од ХС „Турија“ поради отстранување на дефект.
На ден 03.06.22 монтажа на адаптер спојка на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 06.06.22 поправен е среден затварач на канал Л-2 од ХС „Турија“.
На ден 07.06.22 со две адаптер спојки заменета е пукната цевка Ф350 - 4м на канал Л-18 од ХС „Турија“.
На ден 09.06.22 извршена е контрола на воздушните вентили на канал Л-14 од ХС „Турија“, и констатирано е дека се во исправна состојба.
На ден 13.06.22 извршено е црпење на вода на канал Л-14 од ХС „Турија“ поради утврдување на дефект. Размонтирана адаптер фланша и жибо спојка Ф600Ц.
На ден 15.06.22 извршена е замена на цевка Ф600Ц адаптер спојка Ф600, 670-695 – 2 броја, жибо спојка Ф600Ц и адаптер фланша Ф600 – 2 броја на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 16.06.22 извршена е контрола на воздушните вентили на канал Л-14 од ХС „Турија“, и констатирано е дека се во исправна состојба
На ден 17.06.22 подигната е клапна на затварач на канал Л-21 и замена на хидрант на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 17.06.22 извршен е машински ископ за откривање и заварување на ПГС и на канал К-2 од ХС „Водоча“.
На ден 20.06.22 монтиран е воздушен вентил Ф80 на канал Л-18 од ХС „Турија“.
На ден 22.06.22 извршено е црпење на водата поради демонтирање на адаптер спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 23.06.22 извршена е замена на адаптер спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“. Заварен е скршен ПГС Ф200 на канал Л-18 од ХС „Турија“.
На ден 23.06.22 извршена е замена на хидрант на канал Л-14-2-2 од ХС „Турија“.
На ден 24.06.22 извршен е увид на скршен ПГС на канал К-10 од ХС „Водоча“.
На ден 27.06.22 извршен е машински ископ и санација на електрофузионен вар на РЕ цевка Ф160 на ХС „Маркова река“. Ивршена е поправка на затварач Л-14-2-2, и заменет е три хидранти и една клапна на канал Л-14-1-1 од ХС „Турија“.
На ден 28.06.22 извршен е машински ископ и санација на електрофузионен вар на РЕ цевка Ф160 на ХС „Маркова река“. Извршен е ископ и кршење на шахта со хилт за замена на дихтунг од ХС “Маркова река“.
На ден 29.06.22 извршена е замена на дихтунг во разделна шахта на ХС „Маркова река“. Фланширање на хидрант на канал К-2 од ХС „Водоча“.
Во периодот од 20.06 до 25.06.2022 година вработените во Подружница Црн Дрим-Охрид беа целосно вклучени кон спроведување на водата низ сите канали за наводнување, а истовремено и нивно дочистување и продлабочување, за непречен и навремен доток на водата.
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење и продлабочување, на каналите за наводнување во м.в. Пишкорешка, Паловител, Гашоска, и покрај патот за Волино, и отворен зафатот кај Климештани, за Корошишта и за Мешеишта.
Во периодот од 27.06.2022 до 04.07.2002 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“, подружница Берово-Берово, работеа на санација на бентот Балија на река Желевица -во с. Тработивиште Општина Делчево, со цел зголемување на протокот на вода во каналот, бидејќи дел од него беше однесен од реката со што беше намален протокот на вода и немаше доволно количина за потребите на водокорисниците за наводнување. Во исто време се изврши и чистење од тревна вегетација.
ХМС Паљурци Богданци
- Контрола на терен, мерење ниво на вода во акумулација и управување со затварачи на главен цевовод ,
ХМС Валандово, Валандово
- Пуштање на вода во новиот систем Удово- Страиште, за наводнување на земјоделски култури на барање од земјоделски задруги
ХМС Валандово, Валандово
- Дефект на главен цевовод Ф800Ц МВ Валандово – град, промена на цевовод и бетонирање,
- Наводнување од ПС Страиште – Валандово,
- Контрола на терен,
- Проверка, управување со затварачи ,
- Контрола и евидентирање на наводнети површини,
ХМС Негорци – Прдејци, Гевгелија
- Секојднено проверка и чистење на сита (филтри) и решетки на зафати за вода на река
Кованска и река Серменинска,
Во периодот од 20.06.2022 го 27.06.2022 година вработените во подружница Берово – Берово работеа на санација на бентот на река Брегалница во Горно Поле с. Разловци Општина Делчево , за зголемување на протокот на вода во каналот бидејќи дел беше однесен од реката со што беше намален протокот на вода и немаше доволно количина за потребите на водокорисниците за наводнување.
Главниот извршен директор Локман Љимани на покана на словенските фирми Scotta Turboinštitut и Кolektor Sisteh присуствуваше на работна посета во Република Словенија.
На средбите се оствари заедничка соработка и меѓусебна поддршка која веќе ги дава првите резултати, изјави директорот Љимани.
Тој во продолжение додаде: „Претставниците од Scotta Turboinštitut, Bostijan Žerovnik, Matej Zalubersek и Bogdan Jancar ни покажаа дека се заинтересирани за меѓусебна и продуктивна соработка. Scotta Turboinštitut e фирма која е без конкуренција и докажана во познавање на развојот на хидроенергијата, оптимизација на пумпи, инжињерство на мала хидроенергетска опрема.
На средбата со Директорот на Хидро Бошава во Љубљана -Кlement Jareb се потврди заедничката соработка и постигна договор за продолжување на досегашната работа со АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје.
Заедно со Jasmin Kukavica-менаџер за продажба на вода за стратешко тргување во Кolektor Sisteh и Marko Germ -раководител на технологија за вода бевме во посета на прочистителната станица во Крањ - Словенија каде се презентираа најсовремена техничка поддршка и консалтинг, како и сервисирање и одржување на уреди и системи.
Подружницата Црн Дрим - Охрид, во рамките на своите можности, ги презема сите активности за навремена и непречена дистрибуција на водата, до земјоделските површини
Општина Дебарца
С.Мешеишта
Машински и рачно чистење на каналската мрежа во м.в. Кржа и Падобрајца
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Се врши интензивно наводнување на целата територија од ХМС „Тиквеш“, вообичаено за ова време од годината.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.
Брана и акумулација „Тиквеш“
Вработените во Подружница Берово - позитивен пример во заштитата на животната средина
Вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ - Подружница Берово, во соработка со Општина Берово, извршија акцијата за чистење на патеката околу Беровско езеро, од ресторанот до круната на браната.
Притоа извршено е метење на патеката, чистење од вегетативни наноси и лисја, со што е спречено поголемо загадување на водата во Беровско езеро, која се користи за водоснабдување и наводнување, што дирекно влијае и на заштита на животната средина.
Исто така соберена е голема количина и на комунален одпад.
Ваквото системско делување е позитивен пример, кој треба сите да го следат, со цел чување и негување на животната средина
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во деновите 13.06.2022 и 14.06.2022 година извршија чистење на Јардерски порој во близина на селото Гермијан и Затворот-Горно Оризари и влив на Крклинска река во IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1000 метри.
Фотографии за време на чистење во близина на влив на Крклинска река во IV-одводен канал-Општина Битола
Во периодот од 13.06.2022 до 17.06.2022 година од страна на вработените во АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово, направен е ископ на 1 – ва Грана канал 20 каде е извршено демонтирање и монтирање на ЕФ комад ДН 125 и шибер вентил ДН 125.
Исто така извршено е и заварување на челичен цев ФИ 200 на 6 – та Грана канал КА – 1.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Јуни ( во период од 06.06 – 10.06.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 2.150 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Машинско чистење на примарен земјен канал во с. Долно Седларце , на м.в. Леска;
На ден 06.06 .2022 година, машински со липкер се чистеше земјен канал обраснат со вегетација и наносен материјал во должина од 600м.
Подружница Црн Дрим Охрид, продолжи со активностите на каналската мрежа за наводнување и дистрибуција на водата до земјоделските површини.
Општина Охрид
С.Косел
10 и 11.06.2022 – Машинско чистење на каналската мрежа во атарот на с.Косел (Д.Косел, Круфче, Бучало, Рвеник)
Во периодот од 20.05.2022 до 16.06.2022 година на територијата на дејствување на AД Водостопанство на РМ Подружница Свети Николе се продoлжи со редовното одржување на инфраструктурата за наводнување за наводнителна сезона.
Во изминатиот период полињата планирани со засејување со оризова култура се целосно посеани во оптималниот рок. Истовремено во подружницата Свети Николе се работи и на отстранување на тековни дефекти на ХМО. Во овој период заменети се АЦЦ цевка со дијаметар од Ф300 во атарот на село Сарамзалино, во атарот на село Три Чешми се репарирани два шибер вентила, во атарот на село Ерџелија е заварен PGS и заменети се 3 хидрантски глави, во атарот на село Мустафино се репарирани 3 шибер вентили и вградување на 1 GS Ф-200В, во атарот на село Пеширово се реперирани 2 Шибер вентила, во атарот на село Црнилиште е извршена замена на 2 хидранрски глави, во атарот на село Аџиматово е репериран еден шибер вентил, во атарот на село Крупиште се репарирани 2 шибер вентила, во атарот на село Пишица фиксирање на OSP Ф- 200, во МВ Суво поле се вградени PVC цевки Ф-250 L 2,8м и е вградена една репаратурна спојка Ф-250, во атарот на село Долни Балван се реперирани 2 шибер вентила и 5 хидрантски глави.
Вработените во подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 06.06.2022 година до 09.06.2022 вршеа чистење на одводен канал во близина на селaта Гермијан, Долно Агларци, Дедебалци, Затворот-Горно Оризари и влив на Крклинска река во IV-одводен канал. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2900 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографии за време на чистење во близина на влив на Крклинска река во IV-одводен канал-Општина Битола
Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г.Локман Љимани во периодот од 04 до 09 јуни, заедно со своите соработници ги посети подружниците во Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола. Ги посетија канцелариите, магацините, гаражите, полињата, каналите, пумпните станици, браните, текот на реката Вардар, како и критичните точки кои се од суштинско значење за успешно функционирање на системите за наводнување и одводнување. Вработените и Раководителите на подружниците, од блиску го запознаа директорот со текот на работата како и о проблемите и предизвиците со кои се соочуваат за време на сезоната за наводнување. Се разговараше и за идните инвестиции кои се неопходни за подобрување на работата на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје.
Во прилог галерија од посетите.
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
Дистрибуција на вода по Десен Магистрален Канал – Подсистем Љубаш
Во периодот од 06.06.2022 до 13.06.2022 година, вработените во Подружница Берово - Берово работеа на чистење на отворениот канал Дуњски Јаз и Селски од тревна вегетација во село Тработивиште, Општина Делчево. Исто така вработените на АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово заедно во соработка со вработените во ЈПКР услуга Берово извршија извршија санација на дефект во месноста викана Ширината во Општина Берово. Прилог слики :
На 03 јуни 2022 година, Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г. Локман Љимани одржа колегиум, на кој заедно со своите соработници разговараа за планираните и постигнатите резултати во првите 100 работни дена откако беше назначен на функцијата. Заклучено беше дека голем дел од планираните цели се реализирани, а меѓу нив се издвојуваат следните:
-Транспарентност, отчетност и интегритет во работењето на АД Водостопанство на РСМ
-Одржување на редовни неделни работни колегиум и на Главен извршен директор Г-дин Локман Љимани со раководителите на сектори и советниците на АД Водостопанство на РСМ
-Одржување редовни месечни состаноци со раководителите на подружниците на АД Водостопанство на РСМ
-Посета на подружниците и нивната инфраструктура со цел да се утврди моменталната состојба
-Редовни работни состаноци со релевантни институции (средби со премиер на РСМ, вицепремиер, министри, директори на институции), со цел подобрување на работата, обезбедување на финансиски средства за успешно извршување дејности на АД Водостопанство на РСМ
-Навремено и успешно започната сезона за наводнување како и утврдување на дефектите во системот за наводнување и отклонување во најбрз можен рок (иако системите се стари со поминат рок од преку 40год)
-Спроведена и реализирана постапка за вработување на 155 работници на определено време ,отворена постапка за нови вработувања за потребите на АД Водостопанство на РСМ
-Реновирање на работни простории од кој се истакнува новата сала за одржување состаноци, уредување на дворната површина во АД Водостопанство на РСМ со обезбедување на бетонски паркинг
-Потпишана пристапница во институт за стандардизација со што се дава придонес и заложба за квалитетна и здрава животна средина и стандардизација како општа цел
-Одржана работна средба на Главен извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“ Г-дин Локман Љимани со Извршен директор на Водостопанство на Република Турција со цел подобрување и модернизација на системите за наводнување.
Подружница Црн Дрим - Охрид ги отвори повеќето примитивни зафати од реки, на подрачјето на кое делува и ја пушти водата во каналите за наводнување на земјоделските површини.
Општина Струга
С. Корошишта
Зафаќање на водата со багер од река Сатеска во с.Волино, и пуштена во каналот за наводнување на земјоделските површини во м.в. Расница, с.Корошишта.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 30.05.2022 година до 03.06.2022 година продолжи со чистење на одводен канал во близина на селaта Гермијан, Кравари и влив на Крклинска река во IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3600 метри.
Фотографии за време на чистење во близина на влив на Крклинска река во IV-одводен канал-Општина Битола
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
Дистрибуција на вода по К-2 од ХС Бошава
Во перодот од 30.05.2022 година до 06.06.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово ги презеде следните активности :
Рачно чистење на отворениот канал Дуњски Јаз во село Тработивиште Општина Делчево направено повторно интервенција за да се појача водата за непречено да стигне до водокорисниците.
Исто така вработените на АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово извршија повторна интервенција на зафатот на отворениот канал Горно Поле с. Разловци и на самиот канал заради зголемување на водостојот во истиот за да се обезбеди доволно количина на вода за потребите на водокорисниците.
Вработените извршија интеревенција и на бетонскиот зафат – канал од Тиролскиот зафат на река Брегалница во Берово кој беше наполнет со нанос – песок ,чакал и камен со што беше прекината испораката на вода во самиот канал.
На ден 03.06.2022 година од страна на вработените во Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово, направен е ископ на 6 – та Грана, К-1 каде е извршено заварување на челичен цев DN 200.
Во месец Мај e работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување и наводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 9750 метри и тоа :
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Сува река во општина Илинден со должина од 4900 метри.
Во период од 10.05.2022 година до 31.05.2022 година за единаесет работни денови беше исчистен сува река кој поминува во село Дељадровци и село Текија во Општина Илинден во должина од 4900 метри. Каналот беше орастен со вегетација и наносен материјал, а се чистеше машински со машина гасеничар Sunward. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода.
Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г.Локман Љимани, на покана на организаторите, во периодот од 21 до 27 мај 2022 година, присуствуваше на 89-тиот меѓународен Земјоделски саем во Нови Сад.
Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 23.05.2022 година до 27.05.2022 година продолжи со чистење на одводен канал во близина на селото Велушина и IV-одводен канал по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1600 метри.
Фотографии за време на чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Подружница Црн Дрим-Охрид, почна со зафаќање и пуштање на водата за наводнување, а со тоа и отстранување на дефектите кои тековно се јавуваат со самото пуштање на водата. Продолжува рачното чистење на каналите на места кај што има застој на вода како и санирање на тековни дефекти на застарениот цевководот во кичевското поле. Инаку наводнувањето е претежно гравитационо, по отворени земјени канали.
Општина Дебарца
Рачно чистење (со тример,сор) на отворен земјен канал, помеѓу куќите во м.в.Пелјар
Извештај за работни активности во Подружница Кумановско-Липковско Поле Куманово – АД Водостопанство на РМ Скопје за период од 23.05.-28.05.2022 година.
Во периодот од 23-28.05.2022 година од страна на вработените во Подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово направен е ископ на 4 – та Грана, канал 28 каде е извршено демонтирање и монтирање на азбестен цев DN 200.
Активности предвидени и реализирани од Подружница Гостивар- Гостивар во периодот од 16.05-27.05.2022 година
Во периодот од 23-28.05.2022 година Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нејзиното дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
На ден 23.05.2022 извршенa е замена на скршена жибо спојка Ф600 на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 25.05.2022 извршено е заварување на скршен ПГС Ф200 на канал Д-17 од ХС „Турија“.
На ден 27.05.2022 извршено е заварување на скршен ПГС Ф200 на канал Л-27 од ХС „Турија“.
Во перодот од 23.05.2022 година до 30.05.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово-Берово ги презеде следните активности :
Рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација и санирање на оштетениот дел од каналот ( sидање со камен и поставување на најлон ) во село Разловци Општина Делчево.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Maj ( во период од 16.05 – 20.05.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 1.250 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Санација на Главен магистрален канал с. Радиовце – р. Пена – Тетово
На Главниот магистрален канал с. Радивоце – р. Пена , во атарот на с. Горно Седларце каде што дел од каналот е оштетен/скршен и постои можност за излевање на водата и поплавување на земјоделски површини се изврши негова поправка/санација за доведување во исправна состојба ;
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 16.05.2022 година до 19.05.2022 година продолжија со чистење на Јардерски порој во близина на селaта Добромири, Гермијан и IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2000 метри.
Фотографии за време на чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нашето дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
ДМК „Љубаш-Марена“
Подружница Црн Дрим Охрид, почна со зафаќање и пуштање на водата за наводнување, а со тоа и отстранување на дефектите (рушење и пробивање на замјените канали) кои се јавуваат со самото пуштање на водата. Со тоа и официјално започна сезоната за наводнување.
Општина Охрид
С.Косел
Рачно (примитивно) зафаќање на водата за наводнување од река Коселска, на двата зафати в село, Рвеник за Долни Косел и Рвеник кај кафаната Јарец, и кревање на портите, испусни врати, на главниот зафат в село под асфалтот.
Рачно зафаќање на водата в село, од река Коселска, Рвеник за долни Косел
Во наведениот период од страна на АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје – Подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово, направен e ископ на 1-ва Грана каде е извршена поправка на бетонски цев.
Исто така направен е и ископ на 6 – та Грана и е извршено заварување на челичен цев.
На ден 16.05.2022 година заменет е ПГС Ф250 Ц на Л-18 од ХС „Турија“. Потрошено една адаптер спојка.
На ден 17.05.2022 година пуштена е вода од ХС „Маркова река“ и утврден е дефект на канал Л-27 од ХС „Турија“, скршен ПГС.
На ден 18.05.2022 година со машински и рачен ископ утврден е дефект, скршени карики на жибо спојка Ф 600 Ц на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 19.05.2022 година извадени се оплати за бетонирање на два блока за наирање на дефект на ГК Турија и затрупување на блоковите.
На ден 20.05.2022 година извршено е машински и рачен ископ и црпење на вода за замена на жибо спојка Ф 600 Ц на канал Л-14 од ХС „Турија“.
Во перодот од 16.05.2022 година до 23.05.2022 година АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово ги презеде следните активности :
Рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација во село Разловци Општина Делчево
АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница-Брегалница - Кочани во овој период продолжи со извршување на следниве активности:
Чистење на вади во КО.Виница мв.Надба
Општина Охрид
Во с.Косел, место село, репарирање на еродиран, отворен бетонски канал, кој поминува низ приватен имот. Репарирање на основата на каналот со бетонирање во должина од 10-тина метри.
Во периодот од 21.04.2022 до 17.05.2022 година на територијата на дејствување на AД Водостопанство на РМ Подружница Свети Николе се продoлжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период на полињата што се планирани да се засејат со оризова култура се работеше со багер гасеничар со кои се вршеше машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување и се изврши и изработка на времените земјени зафати (бентови) со кои се зафаќа водата за наводнување од река Злетовска. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 2500 метри и се зафатени 4 времени земјени зафати (бентови). Истовремено во подружницата Свети Николе се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 3 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 и Ф300, 2 муфа 250С и 350С во атарот на село Црнилиште, еден PGS 150С, едно спојно парче SP 125/1000, 7 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф450, една жибо спојка Ф450В и еден муф 150С во атарот на село Мустафино и во атарот на село Врсаково заменети се еден вентил 150С и една хидрантска глава. Исто така се работи и на санација на главните испусти од десниот магистрален канал. Во атарот на село Батање се изврши санација на Десниот магистрален канал во должина од 37 метри од кој 22 метри канал со прав профил и 15 метри канал со трапезен профил.
На 06.05.2022 со зафаќањето на проточните води од река Злетовска се започна со наводнување на оризовата култура во атарот на селата Жиганци и Уларци додека водата во десниот магистрален канал од Хидросистемот Брегалница се пушти на 09.05.2022 и се започна со наводнување на останатиот дел од полињата планирани за засејување со оризова култура.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Maj ( во период од 09.05 – 13.05.2022 година ) исчистени се машинско и рачно 2.940 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Чистење на таложницата на зафатот во с. Радиовце на Главен магистрален канал во должина од 40 м .
На ден 09.05.2022 година, машински со липкер се чистеше таложницата на зафатот обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал и негов транспорт до соодветна депонија
Вработените во Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 09.05.2022 година до 13.05.2022 година извршија чистење на Јардерски порој во близина на село Гермијан и IV-одводен канал,по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3500 метри.
Чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Во рамките на своите можности и надлежности, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за квалитетна и навремена дистрибуција на вода за наводнување на подрачјето на нивното дејствување.
Во поголемиот дел од ХМС „Тиквеш“ веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со дистрибуцијата на вода, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа и на сифоните.
Санација на испусен канал кај с.Марена
На ден 10.05.2022 извршена е поправка на три хидранти на ГК с. Баница од ХС „Водоча“. Проверена е репарациона спојка на К-2-7.
На ден 11.05.2022 извршена е поправка на среден затварач на канал Л-2 од ХС „Турија“ – скината штифна на вретеното.
На ден 11.05.2022 затворен е канал К-2-7 поради поправка на хидрант на ХС „Водоча“.
На ден 13.05.2022 заменети се два хидранти на канал К-2 на ГК до с.Баница од ХС „Водоча“.
Во периодот од 09.05 до 16.05.2022 година, вработените во Подружница Берово - Берово работеа на рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација во село Разловци Општина Делчево.
Рачно чистење и сечење на вегетација на дел од кракот од Бањичкиот систем. Атар на с.Горна Бањица- Општина Гостивар
Во периодот од 09.05-14.05.2022 година, во Подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово направени се три ископа на 4 – та Грана канал – 5 каде е извршено демонтирање и монтирање на азбестен цев ДН 150 и каналот е пуштен во функција.
Во рамки на работниот состанок за соработка во областа на водите, на ден 12.05.2022 година, Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје г.Локман Љимани и Извршниот директор на Водостопанство на Република Турција, г.Назми Канџиоглу, заедно со своите делегации ја посетија Браната Конско.
Браната Конско е најзначаен објект на Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско Поле“ - Гевгелија. Со изградба на браната, ќе се формира водна акумулација која ќе се користи првенствено за наводнување на планирани 6.900 хектари земјоделски површини. Браната „Конско“ е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини од овој регион.
Со изградбата на браната, ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини како и производство на електрична енергија. Браната „Конско“ ќе обезбеди вода за наводнување на нови, близу 7.000 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ќе се зголемат за пет пати. Изминатите години ова беше голем проблем за земјоделците и ја зголемуваше цената на земјоделските производи. Со оваа брана ќе се создадат неопходните услови за дополнителен развој на земјоделството, зголемување на производството на храна со намалени и конкурентни цени.
Вкупната инвестиција во браната „Конско“, изнесува 40 милиони евра, средства обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Програмата за рурален развој, а изведувач е компанијата „Серка Тааххут Иншаат - Акели“, од Турција со проект менаџер, инженер Ебубекир Туран.
Работите се одвиваат според предвидената динамика и веќе над 80 отсто од изградбата е завршена. Се работи за најголем инфраструктурен проект, каков што немало во изминативе 50 години во тој регион.
Во Кичевското поле во место викано Ајројца (Косеница), саниран дефект,замена на вентил.
Рачно ископан и изваден расипан вентил
Во рамки на работниот состанок на Заедничкиот Комитет формиран согласно меморандумот за разбирање потпишан помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на водите, денес 11.05.2022 година, Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, г. Локман Љимани оствари работна средба со Извршниот директор на Водостопанство на Република Турција, г. Nazmi KAĞNICIOĞLU. На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои ефикасно користење на водата, планирање и управување со наводнување, подобрување и модернизација на системите за наводнување, одржливо и ефикасно користење на водата во замјоделството, вклучувајќи го одводнувањето на земјоделско земјиште со цел еколошка одржливост на проектите во наводнувањето, а најважно од се’ се разменија информации и искуства и се поставија темели за понатамошна соработка. Директорот Љимани изрази посебна благодарност до г.Канџиоглу за подарокот, за посебниот интерес за АД „Водостопанство на РСМ“, како и за поканата за идната посета во Република Турција.
Тимската работа е способност на заедничко движење кон заеднички цели!!!
На ден 10.05.2022 година, во просториите на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје во присуство на Главниот извршен директор Г-дин Локман Лимани и Г-дин Лулзим Луи Адили како едукатор, се одржа презентација на тема: Петте нивоа на лидерското влијание: позиција, поврзување, продуктивност, поддршка и престол. Само со тимска работа е возможен заеднички напредок!
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Мај ( во период од 02.05 – 06.05.2022 година ) исчистени се рачно 1.800 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Чистење на секундарен земјен и бетонски канал низ с.Милетино во должина од 1800 м;
На ден 04.05. до 06.052022год., рачно се чистеше земјен и бетонски канал од вегетација и наносен материјал
*Рачно чистење на бетонски/земјени бразди во атарот на с. Милетино, м.в. Крушевица
На ден 03.05.2022 година направена е котрола на ХС „Водоча“ и пронајден е дефект и водата е спроведена до канал К-11.
На ден 04.05.2022 извршена е замена на хидрант Ф100 на канал К-2 од ХС „Водоча“. Отворен затварач на К-2, затворен е К-2-2 и К-3 поради дефект. На К-11 дефект спојка.
На ден 05.05.2022 затворен е ГК према с. Баница ХС „Водоча“.На К11 утврден е дефект, изливање на вода од адаптер спојката. На К10 скршен приватен приклучок.
На ден 06.05.2022 поправени се три хидранти на ГК Водоча-Баница ХС „Водоча“.
На ден 07.05.2022 изработени се 2 бетонски блока МБ30 за замена на цевка Ф800 на ГК ХС „Турија“.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 03.05.2022 година до 06.05.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Драгожани-Сокотаб, Ивањевци, Кравари и IV-одводен канал. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3400 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Во подружница Тиквеш – Кавадарци се вршат последните подготовки и на поголемиот дел од системот веќе е пуштена водата во каналите и во делничните линии.
Истовремено со пуштањето на водата, се работи и на отстранување на новите дефекти кои се јавуваат на каналската и на цевната мрежа.
Започна сезоната за наводнување 2022 година. Пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал во Десниот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“, како и во групниот канал ГК-2.
Санација на аквадукти на ДМК пред сифон „Марена“
Во перодот од 03.05.2022 година до 09.05.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово-Берово ги презеде следните активности :
Се вршеше континуиран надзор врз уредувањето и регулацијата на речното корито на река Брегалница во месноста КО Град и КО Вирче општина Делчево и контрола врз вадењето и депонирањето на вишокот наносен материјал (чакал,песок,камен). Се продолжи со рачно чистење на Дунски јаз во с. Тработивиште Делчево каде на 08.05.2022 година, извршено е и санирање на бентовите – препишите на река Желевица и пуштена е вода во каналите со што и официјално отпочна наводнувањето на раноградинарските кулутури во село Тработивиште. Исто така во извештајниот период се работеше рачно чистење на отворениот канал Горно поле од нанос и вегетација во село Разловци Општина Делчево.
АД Водостопанство Подружница-Брегалница - Кочани во овој период продолжи со извршување на следниве активности:
Постојана контрола на протокот на водите и отпочнување евиденција на наводнуваните површини.
Во КО.Зрновци се направени два бента за наводнување на Зрновска река
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Во период од 11.04.2022 година до 29.04.2022 година за дванаесет работни дена е исчистена каналска мрежа со должина од 1900 метри во Општина Ѓорче Петров во место викано стопански двор. Каналската мрежа се чистеше и продлабочуваше машински со гасеничар Sunward и мал багер Janmar. На ден 27.04.2022 година со камион се изнесуваше матријалот од дел од каналската мрежа и се носеше на соодветна локација во координација со Општината. Со ова чистење и обликување на каналската мрежа ќе се канализираат подобро водите што се вливаат во овај канал. На неколку места се вградуваа цефки во каналската мрежа. Чистењето на оваа каналска мрежа ќе продолжи и во наредниот период се со цел нормално функционирање на каналската мрежа во стопански двор Општина Ѓорче Петров.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 27.04.2022 година до 29.04.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Кукуречани, Змирнево и IV-одводен канал, по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1600 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Чистење во близина на IV-одводен канал-Општина Битола
Подружница Црн Дрим Охрид продолжи со подготовка на каналите за почетокот на сезоната за наводнување.
Санирање на еродиран бетонски канал во м.в Просиште, с.Косел општина Охрид, во должина од 20-тина метри.
Припреми за бетонирање:
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Април ( во период од 26.04 – 29.04.2022 година ) исчистени се рачно 2.450 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Чистење на секундарен земјен канал низ с.Долно Седларце во должина од 350м;
На ден 26.04.2022год., рачно се чистеше земјен канал од вегетација и наносен материјал во долж. од 350 метри .
*Рачно чистење на земјени бразди во атарот на с. Долно Седларце , м.в. Демир Ќазе
Во периодот од 26.04 до 29.04.2022 година беше направен ископ на 2-ра грана на Индустриски вод каде беше направено заварување на челичен цев.
Беше направен ископ и на 1-ва Грана на канал 17 каде беше извршено демонтирање и монтирање на азбестен цев ДН 300.
Машинско и рачно чистење на примарен земјен канал во атарот на село Врапчиште , Општина Врапчиште
Во периодот од 26.04.2022 до 29.04.2022 година, вработените во подружница Берово продолжија со рачно чистење на тревна вегетација на Селски јаз во село Тработивиште. Во Општина Берово се продолжи со чистење на тревна вегетација на Тиролскиот зафат и пуштање на водата низ азбесно циментна цевката која поминува под самиот зафат.
Исто така во Општина Делчево на место викано Град се работеше на издавање испратници за уредување на речното корито од наносен матерјал.
Подружница Струмичко Поле - Струмица во периодот од 25.04 до 29.04.2022 година продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа за наводнување. Покрај редовното чистење беа извршени и неколку санации на дефекти меѓу кои:
На ден 26.04.2022 година заменет е ГС Ф250 на канал Л-9 од ХС „Турија“ со две адаптер спојки Ф250;
На ден 27.04.2022 година извршена е монтажа на СП Ф125/500 и хидрант Ф125 на канал Л-14 и Л-18 од ХС „Турија“. Поправен е главен затварач на канал Л-9 од ХС „Турија“;
На ден 28.04.20222 година поправен е затварач (оштетено вретено) на канал Л-21 од ХС „Турија“;
На ден 29.04.2022 година заменета е цевка Ф800 на ГК Турија делница Сушица-Н. Село со 2 салонитни спојки.
Во периодот од 18.04 до 29.04.2022 година, Подружница Тиквеш продолжи со сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за оваа сезона.
Во горе наведениот период се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Сезоната за наводнување 2022 година е во тек. Пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“.
Кастрење и чистење нанос на Десен Магистрален Канал „Марена-Тремник“
На ден 18.04.2022 Подружница Прилепско Поле – Прилеп започна со монтажа на вентили, односно оспособување на хидросистемот за сезоната за наводнување 2022 година. Во прилог распоред на каналите кои се веќе оспособени. За термините за монтажа на вентилите, водокорисниците беа информирани преку локалните медиуми. При монтажата на вентилите и оспособувањето на каналите беа констатирани одредени дефекти кои во од беа санирани.Во прилог фотографии од истите.
Во периодот од 18.04.2022 година до 21.04.2022 година вработените во Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово извршија ископ на 4 Грана, канал 16 и демонтирање и монтирање на азбестен цеф, како и ископ на 6 Грана, канал 5 и заварување на челичен цеф во село Романовце.
Подружница Црн Дрим Охрид привршува со рачно чистење од нанос и вегетација, на планираната должина според годишната програма, на отворените земјени и бетонски канали за наводнување. Во наредниот период се планира да се испрскаат земјените бразди со тотален хербицид (таму кај што има потреба) за да не се обнови тревната вегетација. Ни останува уште предвидената должина со машинско чистење, а во тек се активностите за санирање на дефектите.
Општина Кичево
Рачно исчистени каналите за наводнувањево м.в. Ајројца во Кичевското поле, кои потоа ќе се прскаат со тотален хербицид.
На 20.04.2022 година во просториите на АД Водостопанство на РСМ-Скопје се одржа работен колегиум на кој присуствуваа Главниот извршен директор на АД Водостопанство на РСМ, г.Локман Љимани и раководителите на подружниците.
На колегиумот се разменија информации за текот на работата на подружниците, нивните потреби и барања во насока на подобра координираност во работата на истите, а со цел поуспешно и поефикасно работење.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 18.04.2022 година до 20.04.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Олевени и IV-одводен канал. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3500 метри.
По пуштањето на водата во Главниот Магистрален канал за чистење на истиот канал беше интервенирано рачно за отстранување на отпадот во делот на Градското подрачје на Гостивар
Во периодот од 11.04.2022 до 21.04.2022 година „AД Водостопанство на РСМ“ - Подружница Свети Николе продoлжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 10100 метри, а рачно од околу 1100 метри. Истовремено во подружницата Свети Никола се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 3 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во атарот на село Мустафино и 2 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф350 во атарот на село Ерџелија исто така се таботи ми на санација на решетките на главните испусти од десниот магистрален канал.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 година во месец Апил ( во период од 18.04 – 22.04.2022 година ) исчистени се рачно 420 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с. Долно Седларце во должина од 420 м ;
Во период од 19.04 до 21.04.2022год.(за три работни денови), рачно се чистеа секундарни и терцијални бетонски канали низ с.Долно Седларце од вегетација и наносен материјал
*Рачно чистење на земјени и бетонски бразди во атарот на с. Долно Седларце
Во перодот од 18.04.2022 година до 26.04.2022 година АД „Водостопанство на РСМ“ -Подружница Берово ги презеде следните активности:
Континуиран надзор врз уредувањето и регулацијата на речното корито на река Брегалница во месноста КО –Град и КО Вирче општина Делчево и контрола врз вадењето и депонирањето на вишокот наносен материјал (чакал,песок камен),
На ден 18.04.2022 година затворен е крак од ХС „Маркова река“ поради замена на вентил Ф50.
На ден 19.04.2022 година е утврден дефект на главен канал Турија, делница Сушица – Ново Село.
На ден 20.04.2022 година поправен е затварач на канал Л-20, а на канал Л-21 потрено е нов затварач од ХС „Турија“.
На ден 21.04.2022 година заменет е скршен ПГС Ф200 В и потрошено е 2бр. адаптер спојки.
Подружница-Брегалница - Кочани во периодот од 18.04.2022 до 21.04.2022 година ги има извршено следниве активности:
Во КО.Кочани на ГК -5 отварање на бент за наводнување
Во период од 01.04.2022 до 18.04.2022 година е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма се со цел нормално функционирање на каналската мрежа за одводнување на територија на Подружница Скопско Поле- Скопје, машински се исчистени 3870 метри и тоа :
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
- Канал А во Општина Илинден со должина од 100 метри.
На ден 04.04.2022 година беше исчистен дел од канал А во Општина Илинден во должина од 100 метри. Каналот беше орастен со вегетација, а се чистеше машински со машина Liebherr 916. Со ова чистење на каналот ќе се обезбеди нормален проток на вода.
Завршување со рачното чистење на Бањичкиот Систем од муљ, вегетација, отпадоци, делници со песок во должина од 11 км. Во тековниот период преостанува оспособување на испусните врати кои се наоѓаат по должина на каналот.
Во периодот од 11.04 до 15.04.2022 година вработените во Подружница Радовишко Поле – Радовиш продолжија со чистење на отворената каналска мрежа. Рачно беа исчистени беа вкупно 2500 метри со што Главниот десен канал е исчистен до крај, а вработените продолжуваат да работат во една група на чистење на Главен Лев канал.
Изминатите седум дена, во периодот од 08-15.04.2022 година, покрај помалите интервенции, во Подружница Кумановско-Липковско Поле - Куманово се направи ископ на 4-та грана во село Матејче и се изврши санација – заварување на челичен цеф Ф-1600.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г.Љупчо Николовски и Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г.Локман Љимани, официјално го означија стартот на сезоната за наводнување 2022 година, во Брегалница – Кочани.
Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија веднаш по завршувањето на сезоната за наводнување во 2021 година, се фокусираше на реконструкција на одредени системи како и чистење на каналите за наводнување со цел навремена и успешна сезона за наводнување 2022 година.
„Во моментот вкупната количина на вода во Акумулацијата Калиманци е околу 114 милиони м3, а до почетокот на користењето на нејзиниот капацитет очекуваме таа и да се зголеми. Брана Гратче има акумулирана вода од околу 2 милиони м3. Ова количина на вода е сосема доволна за успешно завршување на сезоната за наводнување 2022 година.
Сакам да напоменам дека со целосна посветеност на вработените во Подружница Брегалница – Кочани рачно и со сопствена механизација беа исчистени повеќе од 200 км земјени канали, а на Десниот магистрален канал беше извршена навремена санација на сите места каде имаше паднати кампади.
На 13ти април започна наводнувањето во Зрновци од Зрновска река (што може да се види од полињата позади нас), вчера, на 15ти април започна наводнувањето во Кочани од Кочанска река и истото ќе продолжи сукцесивно согласно планот за наводнување изготвен од Подружница Брегалница – Кочани. Во понеделник ќе се пушта вода во Гумена преграда на река Брегалница во Катастарска општина Грдовци, на 19ти во Прибачево, на 20ти април во Оризари и така натаму според договорот на водоскорисниците по делници. Очекуваме да бидат наводнети повеќе од четири илјади хектари ориз и околу илјада хектари останати култури од страна на повеќе од 8 илјади водокорисници“, изјави директорот на Водостопанство, г.Локман Љимани.
Тој додаде дека верува дека сезоната за наводнување 2022 година ќе заврши успешно и им посака успешна сеидба на сите земјоделци од Брегалничкиот регион.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г.Љупчо Николовски во својата изјава за медиумите додаде:
„Хидросистемите се подготвени и ги ставаме во функција. Токму од хидросистемот Брегалница каде денеска лично дојдов да извршам увид, ја започнуваме сезоната за предвремено наводнување низ целата територија на државата.
Вработените во Подружница Тиквеш – Кавадарци продолжија со чистење и одржување на каналската мрежа и во периодот од 11.04 до 15.04.2022 година. Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Започна сезоната за наводнување 2022 година. Пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“.
Кастрење и чистење нанос на Десен Магистрален Канал „Марена-Тремник“
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 11.04.2022 година до 15.04.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Крклино и IV-одводен канал,по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3800 метри.
Чистење во близина на складиштето на Макпетрол-Општина Битола
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Април ( во период од 11.04 – 15.04.2022 година ) исчистени се машински и рачно 7.500м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с.Долно Седларце и с. Брвеница во должина од 2.300 м;
Во период од 11.04 до 15.04.2022год., рачно се чистеше секундарни и терцијални бетонски канали од вегетација и наносен материјал .
Во перодот од 11.04.2022 година до 18.04.2022 година АД „Водостопанство на РСМ“, Подружница Берово – Берово продолжи со рачно чистење на Тиролскиот зафат на река Брегалница – чистење на нанос и тревна вегетација како и чистење на шахтите на затворениот систем на Тиролскиот зафат.
Подружница Црн Дрим – Охрид и во периодот од 11.04.2022 до 15.04.2022 година продолжи со рачно чистење и подготовка на каналската мрежа за наводнување, за претстојната сезона, за непречено и навремено да врши испорака на вода до сите земјоделски површини кои ќе се наводнуваат.
Општина Дебарца
С.Велмеј – рачно исчистена браздата од нанос и вегетација, во место викано Трнослива
Општина Кичево
Во место викано Калани (ореов ризманов), КО Карбуница, поради дефект на главен канал за наводнување (цевковод-азбесно цементни цевки), се направи машински ископ на длабочина од околу 2 метри, за да се види за каков дефект точно се работи. Дефектот ќе биде саниран во најкраток можен рок.
Денес, Главниот извршен директор на Водостопанство, г.Локман Љимани беше во работна посета на Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово. Раководителот на подружницата, г.Оливер Илиевски го запозна со текот на работата на подружницата, а разговараа и за проблемите околу наводнувањето. На работната посета се анализираше и потребата од интервенција на браните Липково и Глажња.
АД „Водостопанство на РСМ“, Подружница Брегалница - Кочани во периодот од 11-15.04.2022 година продолжи со извршување на следниве активности:
Чистење околу гумената преграда кај с.Грдовци од вегетација и нанос
Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, г.Локман Љимани ги посети Подружниците во Тиквеш-Кавадарци и Струмичко Поле во Струмица и изврши увид во последните подготовки пред официјалното започнување на сезоната за наводнување на 15 април.
Во периодот од 01.04.2022 до 11.04.2022 година AД Водостопанство на РСМ Подружница Свети Николе продoлжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 5200 метри, а рачно од околу 1000 метри. Истовремено во подружницата Свети Никола се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 2 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во аватарот на село Црнилиште исто така во атарот на село Мустафино се сервисирани 3 вентила, во атарот на село Црнилиште 2 вентила и 1 вентил во атарот на село Крупиште.
Во периодот од 04.04.2022 до 08.04.2022 година, вработените во Подружница Радовишко Поле - Радовиш продолжија со чистењето на отворените канали. На Десен главен канал вклучени беа четири работници кои исчистија вкупно 1300м, а на Лев главен канал работеа тројца работници кои исчистија 900м. За горе наведениот период вкупно беа исчистени 2200 метри отворена каналска мрежа.
На ден 11.04.2022 извршено е рачно подбивање на цефка и машинско затрупување на канал Д-7 од ХС „Турија“
На ден 12 и 13.04.2022 извршено е машински и рачен ископ и насип од 10м за замена на дихтунг на фланша од доводен цевковод Ф-500 од ХС „Маркова река“.
На ден 11-15.04.2022 се врши чистење на Иловичка река. Пуштање на вода во ХС „Маркова река“.
На ден 15.04.2022 извршена е поправка на среден затварач на канал Л-9 на ХС „Турија“
Во овој период од страна на вработените во Подружница Кумановско – Липковско Поле извршена е санација (заварување) на челичен цев Ф-710 со претходно направен ископ со багер, на место викано Василева Чешма на 4-та грана на систем за наводнување.
На 11.04.2022 година, согласно договорот помеѓу Подружница „Скопско поле“ – Скопје и Општина Ѓорче Петров, денес, Подружницата започна со активности за расчистување на постоечката каналска мрежа во делот на Стопански Двор кон Ново Село за одводнување на површинските води.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 04.04.2022 година до 08.04.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Карамани, Породин и IV-одводен канал,по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 2700 метри.
Чистење во близина на с.Карамани-Општина Битола
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 година во месец Март ( во период од 04.04 – 09.04.2022 година ) исчистени се машински и рачно 4.300м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с.Фалише во должина од 400 м;
Во период од 04.04 до 05.04.2022година, рачно се чистеа секундарни и терцијални бетонски канали од вегетација и наносен материјал .
Започна сезоната за наводнување 2022 година. Во подружница Тиквеш, пуштена е водата во Заедничкиот магистрален канал и во Левиот магистрален канал до сифон „Макарија“.
Во периодот од 04 - 08.04.2022 година во рамки на работата на подружницата продолжија работните активности за редовно одржување и подготовка на објектите за наводнување.
Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Кастрење и чистење нанос на Десен Магистрален Канал „Марена-Тремник“
-Кај главниот десен магистрален канал во КО.Соколарци извршена е обиколка и направен увид на состојбата на каналската мрежа при што се лоцирани низа оштетувања има паднато кампади така што се санираат рачно и машински со багер LIEBHERR.
Рачно чистење на таложниците од Магистралниот канал Здуње Пирок т.н. Галатска таложница и Добридолска таложница- Општина Врапчиште
Санација на дефект на Главен Десен Канал АЦЦ цевка Ф 600
Во периодот од 28.03.2022 до 01.04.2022 година продолжи теренската работа на вработените во Подружница Радовишко Поле. Последната недела од месец март се искористи за рачно чистење на отворената каналска мрежа и при тоа беа исчистени: На Десен главен канал вкупно 1240 метри и на Лев главен канал исчистени вкупно 850 метри.
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Март ( во период од 25.03 – 29.03.2022 година ) исчистени се рачно 1.900 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с.Фалише во должина од 700м;
Во период од 25.03 до 29.03.2022год., рачно се чистеа секундарни и терцијални бетонски канали низ с.Фалише од вегетација и наносен материјал во должина од 700м .
Во периодот од 28.03.2022 до 01.04.2022 година, Подружница Тиквеш-Кавадарци ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнувачка сезона 2022 година.
Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Завршено е кастрењето на Десен Магистрален Канал
Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 28.03.2022 година до 01.04.2022 година изврши чистење на одводни канали во близина на село Олевени и Логоварди. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3000 метри.
Чистење во близина на с.Олевени-Општина Битола
Општина Кичево с.Србјани
Санирање на прелази на три места, со поставување на три азбестно-цементни цевки, Ф 400 со должина од 5 м и поставување на тампон и чакал врз нив и по патот, како и прочистување на каналот од нанос, трева и разен вид на ѓубриште. Со тоа се спречи излевањето и неконтролирано течење на водата по селскиот пат.
Пред
Во периодот од 28.03.2022 до 01.04.2022 година AД „Водостопанство на РСМ“ - Подружница Свети Николе продолжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 1000 метри, а рачно од околу 800 метри. Истовремено во подружницата Свети Никола се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 2 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во аватарот на село Црнилиште и 3 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во атарот на село Мустафино исто така во атарот на село Мустафино сервисирани се 2 вентила, а на 6 вентили тековно се работи.
Во перодот од 28.03.2022 година до 04.04.2022 година подружница Берово-Берово продолжи со работните активности на терен и тоа во с.Тработивиште Општина Делчево машински и рачно со чистење на отворена каналска мрежа, како и во Берово - рачно чистење на Тиролскиот зафат на река Брегалница – чистење на нанос и тревна вегетација.
На ден 28.03.2022 година монтирани се 5 вентили 2 цола на Ф-50 на ХС „Маркова река“. Ископ и монтирање на репарациона спојка Ф175 и истата е затрупена со машина.
На ден 29.03.2022 година избрусен варот и кренат табластиот затварач према Штучка река, а према главен канал Турија е спуштен. Бетонирање на оштетена бетонска облога со готов бетон на ГК Турија. Потршено 1м3 бетон.
На ден 30.03.2022 година со машински и рачен ископ утврден е дефект (пукната цевка) на канал Л-14 од ХС „Турија“.
На ден 01.04.2022 година заменета е цефка Ф200 Ц 5м на канал Л-14 од ХС „Турија“.
Подружница Брегалница-Кочани во периодот од 28.03.2022 до 01.04.2022 година
продолжи со редовно одржување и подготвување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона.
Во овој период се работи на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на каналите за наводнување.
Во КО.Кочани-мв.Габрак извршено е чистење на земјени вади со машина Yanmar .
На 28.03 и 29.03.2022 продолжено е со чистење на вади во КО.Грдовци во мв.Стришко.
Рачно чистење на земјени канали во мв.Чука, КО.Грдовци.
Во периодот од 23.03.2022 до 31.03.2022 година, од страна на подружница Кумановско-Липковско Поле - Куманово направени се повеќе интервенции на системот за наводнување и тоа на втора грана – индустриски вод. Направен е ископ како би се извршило заварување на челичен цев кој после извршена интервенција истиот е вратен во првобитна состојба.
Исто така направена е и друга интервенција на втора грана-индустриски вод, извршено е демонтирање на нефункционален шибер вентил и монтиран нов вентил и граната е пуштена во функција.
Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“, г-дин Локман Љимани и директорот на ИСРСМ, м-р Џеват Кицара, на ден 31.03.2022 година потпишаа пристапница за членство во Институт за стандардизација на Република Северна Македонија.
Потребата за водата како составен дел за животот и здравјето на луѓето како и потребата во земјоделието, се основните приоритети на нашето претпријатие чија основна дејност е користење, одржување и стопанисување со системите за наводнување и одводнување во целина, снабдување со вода за наводнување, снабдување со вода за конзумирање од страна на човекот, вода за пиење и други потреби, снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енергија, уредување на речни корита, одводнување на земјиште и одведување на испуштени води.
Станувајќи член на Инситутот за стандардизација на Република Северна Македонија, Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, дава свој допринос и заложба за квалитетна и здрава животна средина и стандардизација како наша цел, но и заложба за вклучување во работата на ИСРСМ ТК 9-Менаџмент со квалитет, животна средина и ризици и ТК 17- Квалитет на воздух и вода.
Во периодот од 21.03-23.03.2022 година, подружница "Скопско поле" изврши чистење на дел од канал Сува река, кај Оилко, Општина Илинден. Се работеше со Липхер 916. Исчистено е 1100 мерти и ќе се продолжи со чистење во наредниот период.
На 24.03 и 25.03.2022 година со Липхер 916 чистен е сисавец на канал Топлик 2 во Илинден,а во истиот период од 21.03- 25.03.2022 година, со гасеничар, се чистеа и сисавци на канал Баре кој се наоѓа во општина Петровец.
Во периодот од 21.03.2022 до 25.03.2022 година, вработените од Подружница Радовишко Поле – Радовиш, продолжија со чистење на отворената каналска мрежа. При тоа, во тој период, на Десен главен канал беа исчистени вклупно 1240 метри, а на Лев главен канал, вкупно 800 метри.
Главниот Извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г. Локман Љимани оствари работна средба со претставник на компанијата СИГА од Израел.
„Денеска имав чест да се сретнам со г. Амир Кандел, претставник на компанијата SIGA од Израел.“
ЕДНО РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈА ИНДУСТРИЈА е мототo на SIGA.
SIGA обезбедува прворачен увид за изворот на електрична енергија, нафта и гас, вода, индустриско производство, системи за управување со згради и многу повеќе од тоа.
'Oд витално значење за операторите на критичната инфраструктура е сигурната транспарентност преку опремата и статусот на процесот. Точните податоци од сензорот во реално време ја намалуваат потребата за човечка интервенција.'
"Разговаравме за идеите, предизвиците и проблемите со кои се соочува АД „Водостопанство на РСМ“ и се согласивме дека #ИНОВАЦИЈА #ИНВЕСТИРАЊЕ и #МОДЕРНИЗАЦИЈА е единствениот пат по кој треба да се движиме, земајќи го примерот во решавањето на проблемите на европските земји, САД и другите делови од светот", напиша Главниот извршен дриректор на Водостопанство, г. Локман Љимани
Подружница Црн Дрим - Охрид, во периодот од 17.03.2022-25.03.2022 година, продолжи со чистење на каналската мрежа за наводнување, односно се вршеше рачно чистење на отворен земјен канал во с.Косел. Тоа е браздата за Црна Муренка, од која се отстрануваше нанос, суви лисја и треви, пластични шишиња и други видови на отпадоци и ѓубре кои ги затрупуваат каналите, односно браздите.
Подружница Свети Николе – Свети Николе во периодот од 21.03.2022 до 25.03.2022 година продолжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација во земјените канали за наводнување, кај полињата кои се планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување во должина од 3900 метри, а рачно од околу 600 метри. Истовремено во подружница Свети Николе се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 5 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 и 4 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250 во атарот на село Црнилиште. Во атарот на село Мустафино сервисирани и вградени се 2 вентила, а на 4 вентили тековно се работи.
Прилог фотографии:
Во периодот од 21.03.2022 до 25.03.2022 година вработените од Подружница Струмичко Поле – Струмица, продолжија со чистење на Главниот канал на хидросистемот „Турија“. Исто така, во деновите од 21.03 - 23.03.22 заменети се 10 пукнати вентили Ф-50, како и подготовка на ХС „Маркова река“.
Замена на вентили
Во рамки на работата на Подружница Битолско Поле – Битола во периодот од 21.03.2022 година до 25.03.2022 година се изврши чистење на одводни канали во близина на селата Карамани, Бистрица и Кравари. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3400 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен:
Чистење во с.Бистрица-Општина Битола
Како во изминатиот период, така и во периодот од 21.03-25.03.2022 година, Подружница Тиквеш – Кавадарци продолжи со активностите за подготвување на каналската мрежа за наводнување за претстојната сезона 2022 година.
Се врши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работи и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работи и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Чистење од нанос и вегетација на Десен Магистрален Канал „Љубаш-Марена“ кај с.Манастирец
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Март ( во период од 21.03 – 25.03.2022 година ) исчистени се рачно 4.800 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с.Фалише во должина од 1.200м;
Во период од 21.03 до 25.03.2022год., рачно се чистеa секундарни и терцијални бетонски канали низ с.Фалише од вегетација и наносен материјал .
*Рачно чистење на земјени бразди во атарот на с. Фалише, м.в. Долна Резика / Горна Резика
Во Подружница Брегалница-Кочани од 21.03 до 25.03.2022 година се продолжи со чистење во КО Кочани мв Босевица во должина од 100м, чистење на бетонски канал ГК-5
Во периодот од 18.03-23.03.2022 година во рамки на работата на подружница Кумановско-Липковско Поле - Куманово се извршени повеќе активности за замена на азбестни цеви на прва грана – канал 20 и тоа демонтирање и монтирање на азбестен цеф ФИ 200.
Исто така е извршено ископување на 4-та грана канал 9 демонтирање и монтирање на ЕФ комад ФИ 125.
Се вршат сите потребни активности за оспособување на системот за наводнување за наредниот период за отпочнување на сезоната за земјоделски насади за тековна 2022 година.
На ден 23.03.2022 година, се одржа работен состанок на кој присуствуваа Амбасадорот на Република Словенија во Македонија, г-дин Милан Предан, Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Николовски и Главниот Извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“, г-дин Локман Љимани.
Главна тема на состанокот беше идна реализација на проекти поврзани со користењето на водите како многу важен и значаен ресурс. Ресурс, кој е во основата на одржливиот развој и е клучот за економскиот развој, здравите екосистеми и за самиот опстанок на човекот.
„Работен состанок за реализација на проекти поврзани со користење на водите како ресурс, во духот на традиционалните пријателски односи со Р. Словенија... Амбасадор на Р.Словенија во Македонија - г-дин Милан Предан, Министерот за „Земјоделство, шумарство и водостопанство“ - г-дин Љупчо Николовски и Извршен директор на „Водостопанство“ г-дин Локман Љимани“ – објави Денис Јонуз, Шеф на кабинет на Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“, Локман Љимани.
Подружница Скопско поле во периодот од 14.03-18.03.2022 година, го продолжи чистењето на каналот Баре со сисавци од лева страна во Општина Петровец.
На 16.03.2022 година се чистеше сисавец на канал Азмак, во село Кадино, општина Илинден. Се чистеше со Липкер 916. Исчистени се 350 метри.
Според календарот на Обединетите нации, денес, 22 март е Светски ден на водата. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет.
Водата е во основата на одржливиот развој и е клучот за социо-економскиот развој, здравите екосистеми и за самиот опстанок на човекот. Тоа е од витално значење за намалување на глобалното оптоварување со болести и подобрување на здравјето, благосостојбата и продуктивноста на населението.
22 Март, од 1993-та со одлука на ООН се одбележува како Светски ден на водата.
Основен фокус на Светскиот ден на водата е да се поддржи постигнувањето на Целта за одржлив развој (SDG) 6: вода и санитација за сите до 2030-та година.
Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена.
2022 година е посветена на подземните води:
„Подземните води се невидливи, но нивното влијание е видливо насекаде;
Надвор од очите, под нашите нозе, подземните води се скриено богатство што ги збогатува нашите животи;
Речиси целата течна слатка вода во светот е подземна вода;
Како што климатските промени се влошуваат, подземните води ќе стануваат се покритични;
Треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс. Подземните води можеби се надвор од видното поле, но не смеат да бидат надвор од умот,“ – е мотото за Светскиот ден на водите 2022 година.
Да ја вреднуваме и цениме водата!
Во периодот од 14 до 18 март 2022 година од страна на работниците во Подружница Радовишко Поле се чистеа отворените канали за наводнување и при тоа беа исчистени 1200 метри на Десен главен канал и 800 метри на Лев главен канал. Вкупно беа исчистени 2000 метри отворена каналаска мрежа.
Подружница Свети Николе продолжува со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 1800 метри, а рачно околу 1000 метри. Истовремено во подружница Свети Николе се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период демонтирани се 12 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф400.
По предвидениот план за земање и менаџирање на Бањичкиот систем, после 10 години за прв пат се зема на управување и стопанисување од страна на Подружница Гостивар – Гостивар.
Зафатот на истиот канал е во село Вруток и ги зафаќа водите од изворите на река Вардар и Вруточка река. Истиот поминува во село Вруток и поминува во атарите на селата Равен и Мердита и од двете страни на Автопатот А2 Кичево- Гостивар до село Горна Бањица и Долна Бањица. Должина на главниот канал е 11 км.
До сега се рачно исчистени 5 км а околната вегетација е сечена рачно со моторна пила.
Исчистениот дел од каналот Бањичко поле во атар на село Мердита
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 14.03.2022 година до 18.03.2022 година вршеше чистење на одводни канали во близина на село Логоварди, Логовардски канал, с.Трн, с.Крклино и с.Долно Оризари. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 3000 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен:
Чистење на одводен канал во с.Поешево
Во периодот од 14 до 18 март 2022 година, подружница Тиквеш – Кавадарци продолжи со сите потребни дејствија за редовно одржување и подготвување на објектите и инфраструктурата за наводнување за претстојната сезона 2022 година.
Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Чистење од нанос и вегетација на групен канал К-2 (кај Дрекслмајер)
Во перодот од 14.03.2022 година до 21.03.2022 година АД Водостопанство на РСМ, Подружница Берово - Берово ги презеде следните активности:
1. Вршеше континуиран надзор врз уредувањето и регулацијата на речното корито на река Брегалница во месноста КО –Град и КО Вирче општина Делчево и контрола врз вадењето и депонирањето на вишокот наносен материјал (чакал,песок камен ),
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Март ( во период од 14.03 – 18.03.2022 година ) исчистени се машински и рачно 2.950 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с. Сараќино во должина од 900 м ;
Во период од 14.03 до 16.03.2022год., рачно се чистеа секундарни и терцијални бетонски канали низ с.Сараќино од вегетација и наносен материјал
*Рачно чистење на земјени бразди во атарот на с. Сараќино, м.в. Долна Режика
Подружница Црн Дрим - Охрид до почетокот на месец март беше насочена кон одржување и чистење на каналската мрежа за одводнување. После тоа се започна со рачно чистење на каналската мрежа за наводнување. Поради тоа што каналската мрежа е претежно -отворени земјени бразди и е обрасната и покриена со сува трева и капини, се пристапи првично со палење и горење а после од отсранување на остатокот од браздите.
Теренските активности-редовно чистење и одржување на каналската мрежа за наводнување, во период од 01.03 – 15.03.20222 г.се изведуваа во општините Издеглавје, Велмеј, Лешани
ХМС Издеглавје
Чистењето се одвиваше со горење на сува трева и капини и рачно чистење и отстранување на остатоците и разни ѓубришта од браздите, во место викано Џаноец, с.Издеглавје, во должина околу 800м.
ХМС Велмеј
Чистење на каналската мрежа со горење на сува трева и капини во полето, во место викано На пески, а исто и рачно чистење, со лопати и вили се чистеа браздите (отворени земјени бразди), од тревна вегетација, и разни ѓубришта. Рачно 150м, и со горење околу 600м.
ХМС Лешани
Горење на сува трева и капини, по браздите кои се наоѓаат надвор од селото, поточно од зафатот кај Голема Река, место викано Горно Поле,према патот и покрај него, во должина од околу 1100м.
Во Подружница Брегалница-Кочани во втората половина од месец март, односно во период од 14.03.2022 година до 18.03.2022 година се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација, рачно чистење на каналите од нанос и сечење на порасната вегетација.
Чистење од нанос и вегетација од главниот канал каде се испушта вода во КО.Истибања на GK-2.
Во периодот од 07-14 март вработените во подружница Јужен Вардар-Гевгелија вршеа редовно чистење и одржување на отворената каналска мрежа, односно, кастрење и чистење вегетација од брана Паљурци, како и кастрење и чистење вегетација од хидрански места на ХМ Негорци – Прдејци. Беше извршена и санација на дефекти, бетонирање, замена и поправка на хидрански глави на подрачјето на ХМС Валандово, како и замена на филтер на ПС Пирава 2.
- Санирање на дефекти ХМС Валандово, 2 бр. Место викано Раброво, ф175 ц АЦЦ (бетонирање)
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Март ( во период од 07.03 до 13.03.2022 година ) исчистени се машински 1.200 м. земјена и каналска мрежа и тоа:
- Чистење на примарен земјен канал во атарите на с. Долно Седларце и с. Долно Палчиште во м.в.Узуница во должина од 1.200 м .
Во период од 10.03 до 13.03.2022 година за 4 работни дена, машински со Багер Yanmar се чистеше земјен канал обраснат со вегетација, дрва и наносен материјал.
Поради временските услови (врнежи) во периодот од 07-13.03.2022 година не се извршуваше рачно чистење на бетонски бразди.
По извршените микробиолошки анализи: Водата во акумулација Мантово одговара за нејзината намена - може да се користи за наводнување и како технолошка вода за потребите на рудникот Бучим.
Полсе изнесените шпекулации во јавноста и меѓу нашите водокорисници во регионот на подружница Радовишко поле од Радовиш дека водата во акумулацијата „Мантово“ е загадена и не е добра за наводнување, по извшената инспекциска контрола утврдено е дека водата во акумулација Мантово одговара за нејзината намена - може да се користи за наводнување и како технолошка вода за потребите на рудникот Бучим.
Во Извештајот од Хидробиолошки завод Охрид, за извршени микробиолошки и физичко-хемиски анализи на водата од брана Мантово е наведено дека:
„На барање на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје (бр.08-149/2 од 28.01.2022 година), на ден 10.02.2022 година колекционирана е вода од акумулацијата од две мерни места и тоа:
-површинска вода од 0,5 метри и
-длабинска – од 15 метри длабочина
На ден 14.03.2022 извршена е поправка на ХС „Водоча“ на затварач од канал К-9, и на канал К-7-1 извадено е вретеното бидејќи е искривен.
Се врши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работи и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работи и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Чистење од нанос и вегетација на Десен Магистрален Канал (од Манастирски пат до патен премин Кожувчанка)
Сечење на порасната вегетација на дел од Магистралниот канал Здуње- Пирок во атарот на с. Врапчиште, општина Врапчиште.
Од 01.03. до 15.03.2022 година во тек е рачно расчистување на Главните отворени бетонски канали. Во овој период поради ниски температури и врнежи од снег и дожд, неколку денови немаше услови за работа на каналите, а останатите работни денови чистењето се одвиваше во отежнати услови, поради влага и вода предизвикани од врнежите. Во периодот до 15.03.2022 година исчистени се околу 13 км од отворената каналска мрежа.
Подружница Свети Николе во моментот врши редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнителна сезона, целосно искористувајќи ги поволните временски услови од месеците февруари и март. Во моментот рачно и машински се чистат од нанос и вегетација земјeните канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински се исчистени земјeни канали за наводнување во должина од 2200 метри, додека на непристапните места за работа со механизација, чистењето на земјената каналска мрежа се врши рачно и до сега се исчистени канали во должина од 2400 метри.
Истовремено се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период демонтирани се 21 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф400, се извршија и три интервенции на главниот челичен цефковод од Акумулација Мавровица до филтерница Свети Николе и сменети се три шибер вентили од Десниот магистрален канал.
КО Виница и КО Јакимово
Континуирано рачно чистење на вади и јазови од наноси, како и од друг вид на отпад. Сечење и отстранување на дрвјата кои се наоѓаат во самите вади и кои го отежнуваат протокот на вода.
Во перодот од 07.03.2022 година до 14.03.2022 година АД Водостопанство на РСМ Подружница Берово со свои преставници, вработени, вршеше надзор и контрола на регулација и уредување на речното корито на река Брегалница во с.Град, Општина Делчево. Се вадеше наносен матерјал, песок , чакал и камен, се чистеше ситна вегетација и се уредуваа насипите односно бреговите од едната и другата страна на реката.
Подружницата Јужен Вардар од Гевгелија ги искористи поволните временски услови во втората половина од месец февруари и почетокот на март за интезнивно чистење и подготовка за претстојната сезона за наводнување. Се кастреше вегетација на Зафат на Серменинска река, чистење на вегетацијата на брана Паљурци и брана Селемли, како и поправка и санирање на повеќе дефекти. Дел од активностите ги објавуваме во галеријата со слики:
- Чистење и кастрење вегетација на Зафат на Серменинска река (ХМС Негорци Прдејци)
Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово, во првата недела од месец март изврши ископ на втора грана на ХМС на т.н. Индустриски вод поради отстранување на дефект, како и ископ за монтирање и демонтирање на азбестно-салонитна цефка Ф-300.
На ден 04.03.2022 година настанат е дефект на главен канал во село Десово. Вработените во подружница Прилепско Поле – Прилеп извршија санација на пукнатата цевка, односно замена на UK-S Ф 250, како и замена на гумици.
Чистење на Магистралниот канал во населба Малеарди, општина Гостивар, каде се појави проблем после неправилно исфрлање на смет од страна на граѓаните кои живеат во тој дел.
Како и секоја, и оваа 2022 година во периодот помеѓу две наводнувачки сезони, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнувачка сезона 2023 година.
Се врши кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работи и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови.
Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работи и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.
Кастрење и палење на вегетација на Заеднички Магистрален Канал
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Март ( во период од 28.02 – 04.03.2022 година ) исчистени се рачно 1.000 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с.Фалише во должина од 400м;P
Во период од 28.02 до 02.03.2022год., рачно се чистеше секундарни и терцијални бетонски канали низ с.Фалише од вегетација и наносен материјал .
*Рачно чистење на земјени бразди во атарот на с. Фалише, м.в. Долна Резика / Горна Резика
Минатата недела, во рамки на работата на Подружница Скопско Поле – Скопје, продолжија активностите за чистење на ободен канал во општина Арачиново. Исчистена беше каналска мрежа во должина од 500 метри.
Во перодот од 02.01.2022 година до 28.02.2022 година активностите на подружница Берово - Берово претежно беа насочени во излегување на терен и утврдување на фактичката состојба на реките во географското подрачје на делување на подружницата, со цел да не дојде до излевање на реките и причинување на штети како резултат на дождовите, топењето на снегот и останатите зимски временски услови.
На ден 14.02.2022 година по дојава од раководителот на Филтер станицата и вработен во подружницата во Берово дека има поголемо испуштање на вода на воздушниот вентил на доводниот челичен цевковод од круната на браната до прекидна комора поточно над село Ратево, работна група од подружницата, како и претставници од Дирекцијата на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, излегоа на лице место и констатираа дека навистина има истекување на поголема количина на вода. После извршениот увид беа договорени натамошни активности кои треба да се преземат за решавање на проблемот.
Во периодот од 14.02.2022 година до 21.02.2022 година, подружница Црн Дрим – Охрид започна со чистење на одводен канал број 5 во Струга. При тоа, машински се исчистени околу 800 метри должина од овој одводен канал. Истовремено е изнесуван и материјал и е вршена сеча на повеќе годишна дива растителна вегетација. Во периодот од 21.02.2022 до крајот на месец февруари се изврши сеча на дива вегетација (евли, јасики, трње итн. ) и се продолжи со рачно чистење на каналот, колку што дозволуваа условите за работа.
Подружницата Битолско Поле – Битола во периодот од 21.02.2022 година до 25.02.2022 година иврши чистење на одводни канали во близина на село Карамани по барање на месното население. За тој период се исчисти и доведе во функција одводна каналска мрежа во должина од 1700 метри.
Во прилог се фотографии од работата на терен.
Фотографија пред чистење на 21.02.2022 година
Во согласност со Годишната програма за работа, во рамките на Подружница „Радовишко поле“ –Радовиш, започнати се активности на терен за подготовка на Системот за наводнување за предстојната Сезона за наводнување 2022 година. Од почетокот на февруари, во зависност од временските услови се започна со расчистување на Главните отворени бетонски канали ( Лев и Десен магистрален канал) кои се во вкупна должина од околу 40 км. Каналите редовно, секоја година се чистат внатрешно од нанос, мов, ѓубре, како и надворешно од грмушки, џбунови и друга нискорастечка веѓетација. Последните денови во месец февруари и на почетокот од месец март имавше и акција за сечење на самоникнати дрвја кои се сраснати непосредно на бетонот на кампадите од отворените канали ( Десен магистрален канал на потегот помеѓу с.Војславци и с.Сулдурци).
Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2022 год. во месец Февруари ( во период од 21.02 до 28.02.2022 година ) исчистени се машински и рачно 2.500 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:
- Рачно чистење на бетонски канали низ с.Фалише во должина од 2.000м,
Во период од 21.2.2022 год. до 28.02.2022год., рачно се чистеше секундарни и терцијални бетонски канали низ с.Фалише од вегетација и наносен материјал .